Лозарите незадоволни од откупната цена на грозјето

Грозјето од најзастапените вински сорти и оваа година ќе се откупува по минатогодишна цена. Дознаваме дека визбите понудиле 11 денари за смедеревката со најмалку 17 шеќерни единици и 13 денари за вранец со 19 шеќерни единици. 

Претставниците на лозарите ваквата понуда ја прифатиле бидејќи стравуваат од понуда на пониска откупна цена .Лозарите и оваа година се чувствуваат измамени бидејќи грозјето ќе му се откупува по лански цени а трошоците за санација на оштетениот род кој настана како последица на болестите и временските неприлики им се речиси дуплирани. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.