(Видео)Лозарите извисени, нема 2 денари субвенции за килограм предадено грозје?

-Денеска ја разрешивме дилемата околу исплатата на двата денари за предадено грозје во домашните винарии за реколтата 2013. Пред малку заврши седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, на која заменик министерот Зоран Коњановски за жал ги потврди нашите сомневања и стравувања дека нема да добиете два денари за предадено грозје во домашните винарии. Според Владата, вие сте имале одличен откуп и цена на грозјето и затоа нема потреба од дополнителни два денари. Очигледно дека успешен откуп за оваа влада е само ако нема блокади и протести. А тоа што лозарите и по три години немаат земено пари за предадено грозје и нема кој да ги заштити, тоа оваа Влада не ја интересира- рече Ставров.

Фото и извор БРИФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.