“Лозари” покрај денешната акција, сакаат и физички да помогнат во поплавените подрачја

Голем дел од граѓаните го посетуваа штандот носејќи со себе кесиња со храна, облека, вода, и производи за лична хигиена. Навивачката група денеска ја покажа својата хуманост и солидарност кон граѓаните од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. Самата навивачка група упати и повик до останатите граѓани на град Кавадарци да се приклучат кон хуманитарната акција и освен матрејално, да се приклучат и физички да помогнат на граѓаните кои живеат во поплавените подрачја. Фото галеријата од денешниот настан можете да ја погледнете на официјалната Facebook страна на Ultra Crew – Кавадарци

„Спремни сме да помогнеме и на самото место каде се случува целава оваа природна катастрофа. Сакаме да помогнеме на загрозените семејства. Сакаме да ја покажеме нашата хуманост и нашата солидарност. Од денешната акција се собраа скоро два камиона со вода, облека, храна, и производи за лична хигиена. Како навивачка група им се заблагодаруваме на граѓаните, на фирмите, на Невладините организации, на медиумите кои ни дадоа подршка за спроведување на акцијата.”

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.