Лондон стравува од наплив на македонските „Бугари“

Како „Бугари“ и „Романци“ тие добиваат пасоши од овие две земји, па со тие документи лесно ќе може да бараат работа во другите 26 членки на ЕУ, како и во Велика Британија, откако од вчера беше укината досегашната забрана за слободно вработување на државјаните на Бугарија и Романија, пренесува Либертас..

Практиката на владите во Софија и Букурешт да им издаваат бугарски пасоши на Македонци, пдносмо романски на Молдавци, според британските имигрантски власти претставува закана за дополнително зголемување на бројот на имигрантите од ЕУ, затоа што во Лондон не се знае колку од Бугарите и Романците кои се очекува да се населуваат на британска територија се од земјите кои не се во ЕУ.

Се стравува дека како „Бугари“ или како „Романци“ сега ќе има екстра имигранти и од Србија, Украина и Турција, кои би добиле државјанство на некоја од двете балканси земји врз основ на разни „историски врски“.

Конзервативниот весник „Дејли Телеграф“ смета дека издавањето на бугарски и романски пасоши за државјаните на земјите соседи на Бугарија и Романија претсѕавува дополнителен проблем за Велика Британија и за обидите на Владата на премиерот Дејвид Камерон за ограничување на напливот на странски имигранти од ЕУ.

Весникот забележува дека честите поместувања на границите во изминатите векови во овој дел од Европа, предизвикале „бројна национална дијаспора од овие земји“ да остане од другата страна на границата и потсетува дека Бугарија има „историски претензии“ кон поголемиот дел од територијата на Македонија.

Според некои британски анализи, дури две третини од македонското население би можело да добие бугарско државјанство, па на тој начин брзо и лесно да стане дел од ЕУ, наведувајќи дека само во 2012 година на Македонци им се издадени преку 22.000 бугарски пасоши.

Македонските работници имаат повеќепет пати помал приход по вработен од британскиот, а невработеноста во Македонија е повеќе од трипати поголема од онаа во Велика Британија, пишува „Дејли Телеграф“.

Тоа за британските антиимигрантските групи, е доволно силен мотив за забрзано преселување на „новите Бугари“ со помош бугарскиот пасош, што властите во Софија ги издаваат по забрзана постапка.

Поранешниот бугарски министер без ресор Божидар Димитров за лондонскиот весник вели дека властите во Софија имаат утврдено збрзана постапка за издавање на бугарски пасоши на Македонци уште веднаш по влезот на Бугарија во ЕУ на 1 јануари 2007 година.

 

– Нашите пасоши се многу популарни во Македонија. Кога јас работев во Министерството за надворешни работи во Софија, доделувавме по 500 пасоши неделно. Единствено што луѓето треба да направат е само да покажат дека имаат бугарски корени, изјави Димитров за „Дејли Телеграф“.

Димитров, кој во Владата на Бојко Борисов две години беше задолжен за прашањата за Бугарите во странство, вели дека „неколку десетици илјади пасоши им се доделени на луѓе од Македонија“.

Тој открива дека бугарски пасоши имаат и 20.000 Срби, но сепак смета дека опасноста за Велика Британија не доаѓа од Бугарија, туку од Романија која, според него, има полиберална имиграциска политика од бугарската.

Лондонскиот весник предупредува и на можноста на овој начин, до бугарски (и ЕУ) пасош да дојдат и околу 300.000 Турци по потекло од Бугарија, кои доброволни или присилно заминале во Турција.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.