Локалните уметници ќе ја изработат програмата за манифестацијата “Тиквешки Гоздобер”

Со оваа одлука од страна на Советот на Општина Кавадарци се формира организационен одбор кој има за цел да подготви програма за организирање на манифестацијата Тиквешки Гроздобер 2014 година, како и да ги спроведува сите активности до нејзино целосно реализирање. 

Оваа година “топката” за целата организација е префрлена на неколку локални уметници. За членови на овој одбор се предложени и едногласно изгласани Билјана Гроздановска, Александар Малинков, Зоран Станоев и Диме Коцевски. Да веруваме дека нивната организациска способност е на далеку повисоко ниво.

Организациониот одбор има за задача да ја состави програмата и истата да ја достави до советот на општина Кавадарци до на наредната (осумнаесета) седница која најверојатно ќе се одржи првата седмица од месец Јули, и за која треба да се отвори расправа по оваа точка.

Минатата година како главна музичка атракција за посетителите на гроздоберот беше претставен Масимо Савиќ, а како споредни музички уметници Синтезис, Каролина Гочева, Кирил Џајковски и Фрајле. 
Во 2012 година програмата на “Тиквешкиот Гроздобер” беше збогатена со славната белградска рок дружина “Ван Гог”, како и босанската атракција “Дубиоза колектив” и бендoт “Галија” кои беа носечките имиња на Тиквешкиот гроздобер кој се одржа од 6ти до 9ти септември. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.