Кавадарци со потсмев кон инвалидизираните лица

Преку 1 милион денари ќе чини проектот за изградба на лифт за инвалидизирани лица кој ќе биде сместен во локалната самоуправа на општина Кавадарци. Но, кој и како ќе стигне и успее да го користи лифтот?

Нова “радост” за хендикепираните лица од општина Кавадарци сподели градоначалникот Александар Панов. Ганц нов лифт за лицата со инвалидитет. Супер. Но, градоначалникот во својата изјава за медиумите заборави да напомене неколку предуслови и упатство за користење на лифтот. Бидејќи тој е малку подзаборавен или не сакаше намерно да ни обелодени, еве граѓаните како реагираат на овој негов срамен и скандалозен чин на изградба на лифт за инвалидизирани лица во општинската зграда.

За да можат лицата со хендикеп да го користат лифтот, мораат најпрвин и да стигнат до него. Доколку успеат безбедно да поминат на необележаните пешачки премини во градот, притоа најдат начин како да се искачат на високите тротоари кои никаде во ниеден дел од градот немаат рампи за пешаци со хендикеп, ги избегнат огромните кратери што на пешачките патеки што на коловозните ленти, притоа со крајни сили се протнат и најдат простор на тротарот кој е наменет за пешаци а се паркирани автомобили и камиони, дури во еден таков случај доколку успеат да ги преживеат претходно наведените безбедносни и опасни по живот препреки, лицата со хендикеп би требало да имаат 50/50 шанси безбедно да стигнат до зградата на локалната самоуправа и да ги користат услугите од оваа институција. Само во тој случај би можеле самостојно да си ја вршат својата работа.

Градоначалнкот на општина Кавадарци, Александар Панов, кој од поодамна го има изгубено кредибилитетот на градоначалник на сите граѓани и од овој настан се обиде да се додвори на своето електоратско тело, да вети светла иднина, да манипулира со јавноста како и многупати до сега. Срамота е кога човек да се сити со маката на лицата со инвалидитет. Со своите сограѓани.

П.С

Инвалидизираните лица од општина Кавадарци се можеби и најдискриминираната група граѓани. Најхрабрите од нив со своите инвалидски колички се движат по коловозните ленти, не оти сакаат ами оти мораат, имаат потреба а притоа немаат избор. Едноставно, сакаат слобода на движење. Локалната самоуправа можеше тие 1 милион денари да почне да ги инвестира од пешачките зони. Таму еден поен вреди за три.

Leave a Reply

Your email address will not be published.