Лирија подобра од Карпош Соколи

Откако во првото коло му дадоа 100 поени на Пелистер, членовите на Лирија беа на добар пат истиот успех да го повторат и денеска, но слабата реализација во последните три-четири минути придонесе гостите да застанат „само“ на 96 постигнати поени.
„Соколите“ беа достоен ривал само во првите петнаесетина минути, кога домашниот тим во СЦ „Борис Трајковски“ успешно ја одржуваше резултатската неизвесност. Лирија успеа малку да се одлепи до крајот на полувремето, па потоа гостите одиграа фантастична трета четвртина што ја добија со 15-36 и си ја осигураа убедливата победа.
Бојан Трајковски беше во главна улога и при овој триумф на Лирија со 23 поени, 9 скокови и 4 блокади, Манизе реализираше 23 поени, додека искусниот Тони Симиќ го заврши мечот со дабл-дабл од 19 поени и 12 скокови. Најпрецизни во таборот на Карпош Соколи беа Георгиевски со 16 и Павловски со 14


Екипа.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.