Љупчо Димитковски – Гањо: “Отказот од “ЈП Комуналец” е резултат на мојата слобода на изразување”

Димитковски кој своевремено го носеше дресот на кавадаречки Тиквеш и скопски Вардар, а беше и дел од прекрасната генерација на кавадаречки фудбалери како Бошковски и Митрев, разочаран од отказот кој му е врачен после еднодецениско работење во јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, својот револт и разочарување го сподели на сопствениот фејсбук профил.

Димитковски жестоко распали на социјалните мрежи укажувајќи на лошите политики на водење во ова претпријатие како и ставање на раководни функции на лица кои не се компетентни за таа работа.

ljupco ganjo3

Во изјава за порталот “Мојот Град”, Љупчо Димитровски – Гањо додаде дека за период од една година дури трипати му го менувале работното место во препријатието “ЈП Комуналец” од Кавадарци. Најпрвин бил префрлен да работи како инкасант, потоа бил преместен на работно место работник во баждарница за на крајот да му биде доделена работа како работник по ископ и санација на дефекти.

Димитровски имал десет години стаж во јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци и како што вели тортурата која му ја врши одговорното лице во ова претпријатие е само затоа што јавно проговорил зошто работниците работеле на приватниот имот и куќата на таткото од директорот која се наоѓа на излетничкото место “Дванаесет Ваташки деца”, во непосредна близина на Кавадарци и тоа во работно време.

ljupco ganjo2

Leave a Reply

Your email address will not be published.