ЉУБОВТА (ЈАС), ПОЛИТИЧАРИТЕ И СВЕШТЕНИЦИТЕ (ТИЕ)

Љубовта е нега на душата. Како што му е потребна храна на телото, така и е потребна љубов на душата. Без храна телото е слабо, без љубов душата е слабодушна. Ниедна држава, ниедна верска институција никогаш не посакува да луѓето имаат јака душа, затоа што личноста со јака душа, односно личноста со духовна енергија ќе биде бунтовна.

Љубовта не прави бунтовни и револуционерни. Љубовта ни дава крила да се вивнеме во височините. Љубовта ни го овозможува пристапот до сите работи, така што никој нема да може да не доведе во заблуда, никој нема да може да не експлоатира, да не угнетува…

Политичарите и свештениците опстојуваат само од нашата крв, тие живееат од нашата експлоатација и угнетување. Тие не се ништо друго, освен ПАРАЗИТИ. ТИЕ пронајдоа сигурен метод за да не направат духовно немоќни, сто проценти загарантиран метод, а тоа е методот да не се сакаме себеси – ако човек неможе да се сака себеси, не ќе може да ги сака и другите. Тоа учење е неверојатен трик, кој им вроди со плод. ТИЕ ни кажуваат: “сакајте ги другите”, иако знаат дека ако не можеме да се сакаме себеси, не ќе можеме да ги сакаме другите. И покрај тоа ТИЕ пак не учат: сакајте ги другите, сакајте го човештвото, сакајте го Бог, сакајте ја природата, сакајте ги своите најмили ама немојте да се сакате себеси, тоа е себичност.

ТИЕ ја осудуваат љубовта према себеси. ТИЕ ни кажуваат: “Ако се сакате себеси ќе станете егоисти, ќе станете нарциси”. Но тоа не е вистина. Човекот кој се сака себеси воедно и се почитува себеси, а човекот кој се почитува и сака себеси, ги почитува и сака другите. ЉУБОВТА го знае тоа – КАКО ШТО СУМ ЈАС, ТАКВИ СЕ И ДРУГИТЕ, ние не сме различни, кога се во прашање основните работи ние сме едно. Човекот треба да стане божанствен. Додека не постане божанствен нема да биде исполнет, нема да биде задоволен.

Прашањето е зошто не сме боженствени под овие околнисти?!

ТИЕ не учат дека сме грешници, дека ќе бидеме казнети, дека ќе одиме во пеколот… Ете затоа ние не сме боженствени, се чувствуваме како губитници и се обвинуваме себеси. Но како да избегнеме да обвинуваме други, како на другите да не гледаме како на губитници?! Царството Небесно не е некаде далеку во некој друг свет, како што не учат ТИЕ. Исус рекол: Царството Небесно е во ВАС. Царството Небесно е ЉУБОВТА (ЈАС).

Љубовта почнува од себе, а потоа љубовта се шири. Таа се шири сама по себе, вие не треба ништо да правите за да ја ширите, само сакајте се себеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.