Љубчо Георгиевски против наводната србизација, на работ на говор на омраза

Кампањата на ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски против наводната србизација на македонската нација беше на работ на говор на омраза против српскиот народ.

Георгеивски не треба да бара конспирација од Србија таму кај што ја нема. Ако е загрижен што македонските приватни национални телевизии се поплавени од српски емисии и програми, за тоа не треба да ги обвинува Србите, туку вината треба да ја бара кај власта, која за овие девет години од владеење ги уби во поим македонските медиуми и ги претвори во пропаганда машинерија. Георгиевски мора да знае дека контролирани медиуми не можат да произведуваат квалитетна медиумска содржина, туку врвен приоритет им е пропагандата.

Од друга страна, чудно е што Георгиевски не реагира што српски аналитичари од времето на режимот на Милошевиќ хараат по македонските медиуми и дрско се мешат во внатрешните политички случувања во земјата. Тие тука се на поход да ја „освестуваат“ македонската нациија од опасноста што наводно им доаѓа од НАТО, САД и ЕУ и јавно навиваат земјата да влезе во сојуз со Русија на Владимир Путин.

Георгиевски, ако навистина сте загрижени за иднината на Македонија за ова треба да имате кампања, а не да ги заплашувате македонските граѓани со забавните програми од српска продукција.

Очигледно е дека целта на кампањата на ВМРО-НП против србизација на македонската нација беше да го дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања во земјата. Георгиевски никогаш не престана да работи за интересите на актуалната власт. Можеби тој е еден од најзаслужните што денеска имаме ваква власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.