Лирија ќе го засилува својот тим за претстојната натпреварувачка сезона

Така, амбициозниот состав од Сарај постигна договор за продолжување на соработката со Тони Симиќ, Димче Тасовски, Караколев, како и со Стајиќ и со Идризи. Во тимот во однос на минатата сезона одново ќе биде и Карлос Морбан, кој има договор со Лирија со важност до 2015 година.

 

„Задоволен сум од овие први потези што се потегнати по консултациите меѓу мене и управата. Задржавме дел од стандардните првотимци, а веќе се ангажирани и првите две странски засилувања. Станува збор за двајца црногорски кошаркари кои лани беа дел од БИБЛ-лигата, бекот Марко Мијовиќ кој беше втор асистент во ова натпреварување како член на Теодо, како и Милош Ѓуришиќ, кој исто така имаше добра сезона во дресот на Морнар“ – изјави стратегот на Лирија, Марјан Илиевски.

 

Во тек се и преговорите за Лирија да го задржи во своите редови Балша Радуновиќ, кој беше најкорисен кошаркар на оваа екипа во минатата натпреварувачка сезона.

 

„Наша желба е да го задржиме Радуновиќ во тимот, но тој е во исчекување на некоја далеку подобра финансиска понуда надвор од Македонија. Преговорите се во тек и се надеваме дека Балша повторно ќе биде дел од нашата екипа. Воедно, во тек се и преговорите за ангажман на уште неколку домашни играчи со што би го комплетирале тимот, со кој повторно ќе атакуваме на висок пласман“ – оптимистички е расположен Илиевски.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.