Аризанов Љупчо под партиското знаме на ДПМНЕ!

Таканаречениот лидер на лозарите, Љупчо Аризанов, на чело на митинот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Аризанов Љупчо го предводеше митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, а со тоа продолжуваат изненадувањата за целокупната кавадаречка јавност кога станува збор за оваа приватна забава во Кавадарци која беше одржана пред 2 дена, во среда на 23 ноември, 2016 со почеток од 20 часот.

Аризанов беше во центарот на вниманието на градскиот плоштад во Кавадарци од позиција на самопрогласениот партиски лидер и еден од гробарите на македонските земјоделци и кавадаречки лозари. Исправен гордо, под партиското знаме, внимателно го слушаше својот лидер, криминалец, пајташ, злосторник и иден почесен гостин на Шутка, Никола Груевски.

После овој настан, лозарите го кријат своето лице, својот образ, не верувајќи на тоа како последните неколку години слепо верувале во овој човек и политиките кои ги застапува на партијата на која се поклонува. Граѓанинот нема да заборави. Затоа и не присуствуваше на овој митинг. Бојкотот ќе се истури на самиот ден на избори.

Дали кавадаречкиот лозар својот глас ќе го даде за ликови како Аризанов? Дали повторно ќе гласа за погубните политики на оваа власт која мерката субвенционирање во земјоделието ја користи единствено за партиски профит и профит од кој се офајдуваат најмногу партиските функционери од ДПМНЕ кои немаат никакви допирни точки со земјоделие? Дали кавадарци повторно ќе гласа за власт и за ликови кои меѓусебе си го поделија поголемиот дел од обработливото земјиште во Република Македонија, а обичниот лозар и земјоделец го третираат како граѓанин од трет ред?

arizanov-dpmne2-800x445

Leave a Reply

Your email address will not be published.