ЛИДЕР (афоризми)

Ако сум на тронот ќе абдицирам, божем рекол Ѓорѓе.

Го прочитаа и неписмените.

Арсен Венгер си јавил на Илинденска и им рекол дека ќе ја превземе одговорноста за тимот кој ја заебава Македонија.

Имаме вина господине Јункер,В Тиквешко негде.

Трајко ќе ја ставел оставката на владата на првата наредна седница.Трај!

Браво студенти, гледаме во вас идни пратеници кои ќе држат ќотек, им рекле после аплаузот за договорениот нов закон.

Ако даде оставка, првиот носач на авиони ќе го носи неговото име.

Не напеналија, веќе плаќаме за доцнењето.

Победата ги опи, мортус се.

Пара дигна, така ја поимаше стварноста.

Политички див е, сите му се восхитуваат.

Некој има шеќер, друг сол во очи нема, ситуацијата ни е како какао, се е матно. Ситуацијата ни е во развој.

На младите им припаѓа староста.

Бомбата на Нани го дигна Лисабон на нозе.

За да го намалите високиот национализам јадете помалку лажни вредности.

Прекутрупа се претрупаа.

За односи со јавноста се надарени.

Имаме грижлива опозиција, Груевски требало да замине заради доброто на ВМРО и Македонија.

Ако организираме Луда Мара ќе ја засениме Бубамара.

Време е да ни покријат една тајна.

Останавме со името во уста.

Беше пис на уста како мајчиниот јазик.

Беше виден, работеше во Радио-Скопје.

Граѓанско движење или стоење се?

Барам да ми се почитуваат достоинството и угледот, рече еден хохштаплер.

Прислушуван човек, колку оксиморонски звучи.

Авторитетен беше, му се слушаше џебот.

Во самовластен поредок ред нема.

Македонија е на Македонците, на неколкуте.

Ја одбранија приватноста, застанаа пред жолтата линија.

Се журкаме на дубиози.

Многумина професори и студенти меѓусебно не се заслужуваат.

Бараше да бидат единствени-за него.

На Македонија и треба државен испит.

Сите сме ВМРО, рече еден полнолетен СДСМ-овец.

Кој ќе не извади од долап аферим и евала ќе му речиме.

Ја прашав Брена, песната не била за Бато Димитров.

Жртвено јагне ќе биде некој волк.

Го растурија македонското собрание како бугарска скупштина.

Ќе ги олеснат со уште еден пакет помош.

Бил голем новинар, имал новинарски чин.

Антикорупциска му даде јавна опомена на министерот Самак што не ја вработил сопругата во влада.

И јагнешкото е здрава храна ако не се јаде секоја година.

Сакаме поделба на власта или државата?

СДСМ ако го фермаше Ѓорѓе че побараше технички претседател.

Народот е при свест, идејата е во несвест.

За претставата немаме јасна претстава.

Прости ми, му рече на огледалото.

Побарајте прошка од Македонија, белки ќе ви прости.

Републиката во online.

На тапет ќе биде баклавата.

Ако немаш лав за грб не барај иднина во Македонија.

Да си едноставен, најсложено е.

За инает можел да изеде цела држава.

Тој што е пред времето не е точен.

Политика не го интересирала, бил партизиран.

Ако не можете да заспиете, броите дрва.

Студентите во кампусот биле за чиста 5 -ка.

Бил толку заљубен во Путин и руската политика што побарал американска виза.

Само нивните дрва се зафаќале, им поентираше лидерот.

Ја известиле јавноста дека тоа не било за неа.

Владата ги задржува сите права, без нејзина согласност не е дозволено нивно превземање.

Цеца го стисна копчето и рече дека Македонија имала потенцијал.

Трајко Вељановски е верен на партијата, никако да му даде шанса на Уставот.

Да бидеме сите никој и ништо во нештото што наликува на ништо бил нивниот лајтмотив.

Целиме да зацелиме.

Во тимот гол-играч им бил Мешаница.

Студентите во кампусот побарале да им ја пуштат Цеца.

Имал јасен став, да молчи.

Студената војна заврши, а ние сме под мраз.

Зошто не не решат, прашал еден добронамерник.

Се лути на Босна, а го зафркна Македонија еден со ливчето во рака.

Прислушуваната елита е бесна, Латас бил нивни лидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.