Le Pen: ЕУ ќе се распадне како СССР

Лидерката на француската партија Национален фронт – Марин Ле Пен порачала дека и ЕУ ќе се распадне како СССР и навела дека планира да оформи до сега најрадикална фракција во Европскиот парламент.

– Верувам дека Еу е сега како СССР, едноставно не може да се поправи. Таа ќе се распадне како СССР – изјавила Ле Пен.

Нагласила дека работниците кои поради најавените отпуштања демонстрираат “и сваќаат дека ни се потребни граници” и истакнала дека Франција “не може да ги прими сите Роми од Европа”.

Наредниот месец патува во Холандија за да работи на заедничката кампања со лидерот на Партијата за слобода на Герт Вилдерсом. Вилдерсомовата анти – исламистичка партија според мислењето на нацијата е лидер во изборите за европскиот парламент во мај. Ле Пен и Вилдерс планираат да основаат паневропска парламентарна групација на крајната десница, која ќе се заснова на анти – имигрантска и анти – интеграциона платформа. 

Аналитичарите истакнуваат дека и најтврдокорните европски федералисти сега признаваат дека до 30% од новиот склоп на Европскиот парламент е составен од евроскептици, чија популарност е во пораст поради еконономската криза и рекордната стапка на невработеност.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.