(ФОТО) Лажните ветувања на градоначалникот Панов и на локалната лицемерна кавадаречка власт

300.000 денари потроши локалната самоуправа на општина Кавадарци од џебот на граѓаните за украсување и декорирање на градскиот плоштад во пресрет на новогодишните празници. Но, чуму сето тоа кога токму граѓаните кои ја плаќаат таа ставка од буџетот и во 21-от век им се потребни 2 пара гумени чизми, да поминат купишта вода и кал за да стигнат до градскиот плоштад да го видат украсувањето?

kadro maalo

Веќе вторпат за краток период до редакцијата на “Мојот Град” стигнува допис од група граѓани кои реагираат на лошите и катастрофални урбанистички услови со кои се соочуваат во модерното време. И повторно на мета е улицата “Браќа Џунови” во Кавадарци, овојпат кај мостот пред “Кадрово Маало”, каде граѓаните се жалат на неподносливата смрдеа од реката, неасфалтираните улици и купиштата вода и кал кои се со зголемен интензитет во последниот период.
Со овој горлив проблем од поодамна се запознати сите надлежни од општина Кавадарци кои се занимаваат со оваа проблематика но за жал сеуште никој ништо не превземал.

kadro maalo2

Граѓаните реагираат дека во овој период кога има врнежи од дожд и снег, низ вода и кал мака мачат да го поминат патот кој за жал го нема за да излезат на улица. Велат дека се чувствуваат дискриминирани и третирани како граѓани од втор ред.

“Се надеваме дека ако ништо друго барем некој ќе го прочита ова за кое нешто имаме и слика за да се долови моментот на деградација на нас, жителите на ул. „Браќа Џунови” ” –се вели во дописот.

kadro maalo4

Иако куќите се изградени уште од 1960 година овде сеуште нема улуца , нема комунална хигиена и очигледно е дека нема и ништо друго освен жителите на оваа улица. За погоре наведените услови кои им се обезбедени на повеќето граѓани од останатите делови од градот, и овие жители уредно плаќаат комунална такса и осветлување како и одржување на хигиена, меѓутоа и во 21 век и понатаму газат кал, дишат смрдеа. Тука времето застанало во 1960 година.

kadro maalo5

Во 2011 година, жителите од овој дел потпишале петиција и ја испратиле до градоначалникот Александар Панов. Во петицијата побарале само мало средување на улицата за да може граѓаните да излезат од дома. Од локалната самоуправа добиле возвратен одговор, документ на кој лично е потпишан градоначалникот Александар Панов во кој се вели дека во 2012 година се планира урбанизација и по завршување на истата ќе се создадат реални услови за пробивањње на улицата.

kadro maalo6

Влеговме и во 2015 година, и сеуште нема ни трошка трага од ветеното на надлежните.

kadro maalo7

Leave a Reply

Your email address will not be published.