Лажната лекарка од Кавадарци доби затворска казна од 11 месеци

Канал 5 пренесува дека таа е осудена со единствена казна затвор во времетраење од единаесет месеци и парична казна од 250 евра.Судот ја огласи за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета: фалсификување на исправа, измама и надрилекарство.Адвокатот на Каровска  најави жалба поради погрешна примена на материјално право и висината на казната што судот ја изрекол.

Каровска работеше во Здравствениот дом во Кавадарци како лекарка без диплома и со фалсификувана лиценца.Тогаш Каровска беше експресно отстранета од работното место. Следеше истрага која покажа дека дваесет и седум годишната девојка неколку месеци работела во службата на Итната помош со незавршен Медицински факултет и фалсификувана лиценца на Лекарската комора.

Потоа Каровска беше обвинета за кривичните дела фалсификување на исправа, измама и надрилекарство. 

Извор Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published.