Лажни спасувачи киднапираат мали деца во Непал после земјотресот

“Од канџите на трговците со луѓе во изминатите 20 дена беа спасени дваесетина деца кои се испратени во центрите за рехабилитација”, изјави официјалниот претставник од индиската држава Бихар, Санџив Кумар, пренесува “Гардијан”.
Весникот на почетокоѕ на овој месец пишуваше дека локалните невладини организации изразија загриженост дека трговците со луѓе под покровителство на операцијата за спасување, киднапираат жени во областите погодени од земјотресот.

Според податоците на Обединетите Нации, околу 15.000 луѓе од Непал, главно жени и деца, се жртви на трговците со луѓе.

Овој проблем е повеќе влошен откако земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Непал, на 25 април, во кој загинаа повеќе од 8.600 луѓе.

Претходно УНИЦЕФ изјави дека според претпоставките, во Непал, околу 70.000 деца помали од пет години се загрозени поради ненахранетост и дека итно е потребна хуманитарна помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published.