Ласло Вегел: Заминувања

Стигна Лилјана Дуфгран. Реномирана Шведска публицистка, со потекло од Црна Гора, во еден период и претставник на шведскиот ПЕН центар. Смртта на Мирко Ковач се наметна како прва тема на нашиот разговор. Мене тажната вест ми ја јави Миле Стојиќ од Загреб, некои триесетина минути откако настапила смртта. Со неверување ја читав веста, не се осудував да ја проследам на другите, се плашев дека, можеби, ширам лажна вест. Иако веќе со години знаев дека е тешко болен. Некои писатели на новински некролози не пропуштија да напоменат дека Мирко Ковач не сакал да се затвори во една национална книжевност. Се сметал себе си како југословенски писател. Истото за себо го тврдел и Александар Тишма, и Данило Киш. Заминаа великаните кои за време на култот на национални гета имаа храброст вака да се изјаснат. Потомството, најверојатно, нема да знае каде да ги смести, во која фиока да ги затвори. Имено, стадото на југословонството и понатаму се смета за скандалозно. Како поим, југословенството било противречно, но потоа стана и сканадалозно. Беше противречно, бидејќи навистина постоела и една таква тенденција која тежнеела кон тоа да го “приспособи” лицето на Југославија. Тоа, своевремено, јасно го образложил српскиот политичар Никола Пашиќ. Во меѓувреме, околностите се сменија, и според мислењето на српските националисти од деведесетите години, југословенството било антисрпски опиум, наменет за наутразилирање на националното чувство.

Истовремно, секако, и националистите на останатит енароди и народности еднозначно го проколнале југословенството. Меѓутоа, овој поим имал и една друга, културно – регионална варијанта на значење која навестувала, во суштина, еден антинационалистички хабитус, а кој бил приметлив главно во српската, хрватската и босанската книжевност. Да, поради јазикот. Бидејќи, иако историите на овие народи се повеќе дивергирале со текот на времето, се разминувале, во еден дел сепак постоел заеднички јазичен темел кој обеезбедувал вишок југословенство. И покрај крупните јазични разлики во словенечката и македонската книжевност, синтагмата “југословенски писател” била првенствено дефиниција на моралниот и политичкиот карактер, а не на заедничкиот јазичен корпус. Посебно прашањето на “југословенска димензија” која се јавува во крилото на книжевноста на националните малцинства. Зошто? Бидејќи татковината на малцинските јазици била надвор од Југославија, додека малцинската заедница на писатели живеела во Југославија. А војводинско – унгарскиот писател се врзувал, или се поврзува, со унгарската нација не само на индивидуално ниво, туку пред се со посредство на својата малцинска заедница, што значи дека судбината на таа заедница ја симболизирала таа југословенска димензија. Таа димензија се распаднала. Факт е дека во Србија живее едно унгарско малцинство. Па со право се поставва прашањето: како стоиме со “српската димензија”? (Го делам мислењето на Кочо Поповиќ, според кое – од аспект на малцинството – помеѓу југословенската и српската димензија постојат суштински, квалитативни разлики.) Сакале ние или не, мораме да признаеме дека војводинско – унгарскиот писател не се поврзува со унгарската нација само индивидуално, туку и со посредство на унгарската малцинска заедница која живее во Србија. Едноставно затоа што ја живее секојдневницата на таа заедница. Вакви дилеми, се разбира, не доживуваат унгарските писатели кои живеат во Норвешка или, да речеме, во Португалија, бидејќи – иако и таму живеат Унгарци – не постои институционално структурирана унгарска заедница. Овие писатели непосредно, поединечно се поврзуваат со унгарската нација. Во принцип, секако, е сосема можно и тоа дека културата на еден војводинско – унгарски писател нема контакт со војводиснко – унгарската заедница. Може било кој, ако сака, да живее во некаква национална “кула од слонова коска”. Овие “номади” секако индивидуално се врзуваат за унгарската нација.

Во деведесетите години, може да се забележи една нова појава. Голем број интелектуалци и писатели ја напуштија војводинско унгарската заедница се преселија во Унгарија, па затоа нивната врска со некогашната заедница е прекината. Голем борј од нив и понатаму се врзуваат за сопственото минато, за својот свет на доживувања и на тој начин додаваат нова боја на унгарската култура. Често имаат чувство дека веќе не припаѓаат на оваа страна, и дека сеуште не припаѓаат ниту на онаа, па така стануваат хроничари на два, како клатно занишани светови. Но ни тоа не е за потценување, во книжевноста на западно – европските Унгарци овој занишан сличен со писателскиот свет на доживувања е во експанзија. Овде би го споменале, на пример, и големиот успех на Мелинда Наџ Абонји. Не ме изненадува ни тоа дека другите радикално ги прекинаа сите врски со својата некогашна заедница и што сметаат дека не постои “српска” унгарска книжевност. Ги прекинаа врските со старата, но сеуште не се интегрирале во новата, во онаа во која се култивираат во Унгарија. Тие се така наречени “будимпештански номади”. Не им замерувам ништо ниту ним, можеби некој од нив – најталентираниот секако – и да напиште роман на овој мал свет. Оние средните, во најдобар случај, ќе имаат само толку снага да повторуваат во недоглед како се што е војводинско – не вреди за ништо. Но, тоа не ме загрижува толку мнгоу. Не се плашам од тврдењето дека не постои војводинско унгарска книжевност. Таа постои, и ќе постои, се додека постои организирана војводинско унгарска заедница. Но, се плашам дека Војводина ќе осамне еден ден без унгарска заедница.

 

Малку сме
Низ интернетот кружи една фотографија. Во Вуковар со чекани ги разбиваат јавните кирилични натписи. А во Нови Сад ги премачкуваат унгарските имиња на градовите напишани со унгарско писмо. Пријателот од далечната Норвешка, целиот збунет, прашува како е тоа можно? Одекот на вуковарските случувања е навистина гнасен, но и новосадската фотографија најавува иста работа. Вистина, постојат малцински унгарски политичари кои сметаат дека во Србија меѓуетничките односи не се толку лоши, бидејќи за сега, никој не демонстрира против унгарските натписи. Но, за уличните пресметки никој не зборува, и сторителот останува по правило непознат. И дали некој споменува дека на многу места – а на кои би требало да има – нема унгарски натписи. Така да навистина нема причина луѓето да превземаат протестни демонстрации. Српските публицисти, како Теофил Панчиќ на пример, откриваат заеднички корени, и не се насочуваат каде се односите полоши. Се случува српските публицисти поостро да ги осудуваат антиунгарските испади отколу што тоа го прават малцинските унгарски политичари. Но, ништо за тоа ! На Норвешкиот пријател, меѓутоа, не му зборувам за овие парадокси. Ми се чини, избегнувам директен одговор, дека и во Вуковар би требало да ги признаат натписите со кирилично писмо , и дека во Нови Сад би можеле да постојат унгарски и српски, двојазични табли со натписи за имињата на улиците, како што во градските автобуси би можело да има двојазични дисплеј табли за означување на насоката на движење. А мене ми изгледа, дека ве има малку, приметува Норвежанецот. Баш така. Се останато е само политичка демагогија.

 

Одложување
Роланд Орчик, писател и професор, родум од Бечеј, моментално живее и работи во Сегедин, уредник на литературниот месечник Tisataj, со едно око секогаш надгледува што се случува во неговата некогашна заедница. Не може, ниту сака да се одвои од неа. Избрал потежок пат, и затоа ми е драг. Вистински пограничен пустолов, не е ни чудо што меѓу првите реагираше на смрта на Мирко Ковач. Бара од мене есеј, за Tisataj. Далеку сум од своите книги, а ни душевно не сум спремен за таков текст, гласи мојот одговор. Се поболно ме дочекува заминувањето на оние кои ми се духовно блиски. И се повеќе ги има оние кои заминуваат. На Орички му пишувам за еднс од моите последни средби со Ковач во Белград. Со Филип Давид седевме на високите столчиња на терасата на Југословенскиот драмски театар кога се појави Мирко Ковач. Се поведе разговор за неговото заминување. Во еднопартиски систем, кога пишував против режимот, му бев барем симпатичен на соседот. А денес пишувам за национализмот, соседот ме плука меѓу очи, рече Мирко Ковач. Од тогаш оваа реченица не ми излегува од глава. Во такви времиња живеев, и живеам, на Земјата. Неколку денови покасно стигнува одговор од Орички. Не треба да брзаш есејот може да почека и месец – два. Уште едно одложување. Но зошто ?
 

 

Превод: К. Попова

Извор: autonomija.info

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.