Ласер кој покажува колку ќе живеете – во тимот научници кој го создадоа и една македонка

Овој ласерски тест може да пресмета кога некој ќе умре а како таков е единствен и прв во светот. Според дизајнот личи на рачен часовник но овој уред всушност врши анализа на ендотелијалните клетки низ површината на кожата мерејќи како телото ќе пропаѓа во текот на наредните години.

Овие еднотелијални клетки се сместени во капиларите кои се всушност најмали крвни садови во телото. Тие се одговорни за различни комплексни активности на нашето тело. Уредот го мери притисокот од максимум до минимум во овие ендотелијни клетки а потоа врши анализа на добиените резултати. Уредот исто така им помага на научниците да го измерат времето што некому му останува до смртта. Овој ласер претставува и тест за рак и деменција.

Овој несекојдневен уред е патентиран од неколку научници на државниот британски универзитет, а дел од тимот е и македонката Анета Стефановска. Се очекува дека низ светот би можел да се најде за околу три години.

„Се надевам дека ќе креираме база која ќе станува сè поголема, за секој во иднина да може да го измери своето време до крајот на животот“ е дел од изјавата на Анета Стефановска, која вели дека со текот на времето овие предвидувања ќе бидат поточни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.