Лајно од институција сместено во локалната самоуправа

Од многуте македонски институции кои во суштина и не работат скоро ама баш ништо и во ничија полза (освен онаа на една шака луѓе), епитетот за најголемо лајно од институција во кавадаречко деновиве му е доделено на Министерството за Земјоделие подрачна единица кое е стационирано во неколку одаи во зградата на Локалната Самоуправа во Кавадарци. Престижната награда “Златна Малина” оди и на контото на дел од нејзиниот персонал а еден од медалите оди и на градите и на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Во изминатите неколку денови, земјоделците од сите краеви на Република Македонија вклучувајќи ги и земјоделците од општина Кавадарци и регионот, се буквално впуштени во трка со времето (некои и со крвниот притисок) каде тргаат невидени маки за да си го остварат своето граѓанско и земјоделско законско право на поднесување апликација за стекнување на државни земјоделски субвенции. Не бре да земат пари, ами да поднесат едно мочливо барање-апликација адресирано до министерството за земјоделие во подрачната килава единица во општина Кавадарци. Со тоа парче хартија земјоделците ќе се надеваат на денар плус субвенции-пари кои ќе ги исплатат тек наредната година.

Е сега, теле од менаџмент да беше, подобро ќе разбереше а и побрзо ќе научеше. (Не)искуството од минатите години по се изгледа не ги научи кавадаречките служби и раководни органи дека за ова работа да оди како што треба и личи, треба добро организиран тим, одлична стратегија како и админицстрација на која паметот ќе и биде во работата и само во работата (а не да дреме по фејсбук) за да земјоделците од општина Кавадарци без никаков проблем си го остварат своето право на аплицирање за субвенции без притоа да имаат потреба или да бидат принудени да отсуствуваат од работа по 3-4 дена, да дремат како гладни и жедни кучиња пред олтарот на општинската зграда, без да влечат во ташните по 5-6 ленти дијазапам и лексилиум за смирување…И најважното. Без да има посериозни последици по нивното здравје.

И повторно ланската и прекланската како и приказната од пред три години наназад. Уствари како и сите години наназад. Гужви пред канцелариските врати, толпа од стари и изнемоштени граѓани, пеколни жештини и неподносливи температури, а згора на тоа и неорганизираност од секторот, дезориентираност од вработените…

И по којзнае кој пат во своето скромно работење, дел од службите сместени во зградата на локалната самоуправа во Кавадарци повторно се тотално дисфункционални. Замислете само, им “паднал” системот и биле хендикепирани во работењето. Абе вие ненормални ли сте бре, како бре може да не ви работи штампачот??? Па пизда му матер, милијарди евра испокраде целата “фамилија” па толку ли не оставија 3 000 денари за еден резервен штампач??? Кого бре правите луди, недоквакани едни???

У курац веќе, револтот кај граѓаните го искачивте над максималната квота, па нели е срамота бре луѓе и по 80-90 години стари да дремат пред вашите одаи, да се чека по цели денови, и притоа никој од вработените и ништо да не споменува, да не даде никакви информации како се одвива работата, ќе поминат ли сите што чекаат на ред за денес, ќе се работи ли со продолжено време, дали може да отидат да се измочат и искењаат без некој да им го земе редот…Или пак во спротивно, дали може да се исерат еве пред канцеларија за да не го изгубат редот…

Многумина од оние кои чекаат се луѓе во редовен работен однос. Замислете само како им е на оние кои треба да земат слободен ден од својот работодавач за да чекаат и по осум часа ред за една вошлива апликација??? Па овој најпрвин ќе му се изнасмее в лице, ќе му даде ден слободен, но голготата доаѓа утредента кога треба да му даде уште еден ден отсуство затоа што системот-софтверот “паднал” и затоа што штампачот не функционирал??? Мислам кој кого овде подебава? Кој е овде идиотот бре луѓе? Целата работа едноставно нема резон. Или има.

Не знам само колкумина од вас имале прилика да го видат тоа што се случува во зградата на локалната самоуправа Кавадарци. Абе има да ви се згади, сповраќа, турбуленции во стомакот и до десет степени според Рихтер…Не, не, не. Тоа гнасење не е од толпата од граѓани кои чекаат. Тоа е затоа што е паднат СИСТЕМОТ!

На надлежните многу многу не им дреме, вработените си тераат своја приказна, градоначалникот сигурно потполнува некоја дупка некаде, а замислете некоја си таму секретарка глуми пророк Мојсеј и ги теши и смирува земјоделците да не креваат паника и дека на сите ќе им дојдел редот? Па ти луда ли си мори жено? Нели го гледаш старецот пред тебе дека колабрира! А и кој к.р фактор си ти да делиш куриски задачи??? Оди бре таму и викни го главатарот, ако има муда нека дојде овде и тој да го објасни овој пичвајз!!!

Времето одминува и часовникот откуцува за некого. Полека доаѓа 16 часот. Се затвора портата, вработените си одат по дома, чистачката собира пајажина, а земјоделците кутрите и понатаму чекаат, чекаат, чекаат….Немаат никаква информација ниту за лек, што сега, што понатаму… Гладни, жедни, измртварени. Немаат што да прават и кому да се обратат. Па и градоначалникот работи до 16 часот, зарем не? Полека со наведната глава се упатуваат сите кон излезната врата носејќи го со себе товарот кој го насобраа денес а тоа е намокрениот долен веш (оние кои се стегаа дур чекаа), зголемениот крвен притисок и ишијасот во половината. За утре, да си ги подмачкате зглобовите во колената затоа што ќе работиме двократно, порача градоначалникот Панов додека вработените од соседната канцеларија дошепнуваат дека тоа е само уште една лага од неговиот богат асортиман.

Десетина дена трае оваа голгота од гужви, што на градскиот плоштад а потоа и внатре пред канцеларијата на министерството за земјоделие. Па добро бре градоначалнику, пичка му матер, толку ли ниеднаш не се сопнавте од толпата свежо земјоделско месо, да ги прашате за момент како оди аплицирањето, се ли е во ред, има ли некои проблеми и пречки…Или ако месото не е вешалица на скара или свинско печено, тешко дека ќе ви го привлече вниманието.
Еве сега и една вистина од соседната општина Неготино. Таму, градоначалникот и совет на општината заедно со целокупната администрација која е вработена во локалната самоуправа заедно со секторот за земјоделие уште пред една недела значи предвреме си ја завршиле оваа обврска, обврска за која се платени од данокот на земјоделците. Ја завршиле оваа работа без гужви, организирано и сталожени без проблеми на сметка на граѓаните.

А го видов и него, кавадаречкиот земјоделец. Со збрчкани веѓи, со искинатата капа го криеше срамот на лицето. Го видов и него како дреми и неколку часа пред канцелариите на министерството за земјоделие при локалната самоуправа на Кавадарци, со маичката на ДПМНЕ.

Но ДПМНЕ не би бил она што е со годините наназад доколку и преку субвенциите не се подготвува за уште една нова тактика, или ујдурма, преку која (не)намерно ќе се обиди да им оневозможи на голем број македонски земјоделци да го испуштат рокот за пријавување на субвенции, и на тој начин да го помогнат малку искривениот државен буџет.

Патем, има земјоделци на кои и ланските субвенции сеуште не им се исплатени. Ова е ФАКТ!

Leave a Reply

Your email address will not be published.