ЛАДА

Отворено општество со затворена партија не бива.Малаксаното тело страда дупло.Го губи тоа што го има и не го добива тоа што го нема.Да се даде се, а да се нема ништо е лажен антибиотик, трик и ангро кастрација.Се бара клуч без дилеми, сомнежи, прашања и одговори.Таквата присутност во простор и време ја гледаме преку Македонија(да).Безредието е крстено заради кршење на редот.А преку ред, чекаат истите барања.Тешко е.Барем некоја промена на повидок, на подобро.Досега, не.

Се коват планови, се бара поддршка, скрино се осојузува, да се победат победените.Осојузени прераскажуваат веќе видено, чуено.Различно, а толку исто.

Безусловноста боли.Ги посвојуваат навредените, па ги редат пред ѕид.Кој знае за лажниот куршум и лазжната смрт.Награда за отворениот пат, што е важно чиј.За исто е.
Се е различно, само него го нема.Апсолвирано е туку речи се, остана во раздружувачката мисија која е на брегот како познатата сиромашна извесност на сончевата околина да се раздели идентитетот.Него не го даваме по никоја цена.Тој ќе си остане, иако го нема набележано во тефтерот. Босите и гладните сакаат ‘..јади’ и труби.Ама многу труби.Сме се разбрале грешка.

Љубената, ‘убавата наша’ мора да се сака така како што порачаа .Ах, тие Соросоиди и Бранковци, предавници низаедни.Инаку, поддршката би била лажна и штетна.Значи или исто или ништо со уште една друга ‘драга’.Се размавале како манијак кои од мантилот го покажуваат алатот.Барањето човек или намигнувањето сеедно е горчливата јагода на тортата. Друга лицитација.Посир..ње на лицето.Ла, ла, ла (да) Македонија(да).

Leave a Reply

Your email address will not be published.