Квалитетниот сексуален живот зависи од исхранат
Не постои општ рецепт
Пристапот кон уметноста во сексот е нецелосен ако исхраната не е земена предвид. Секој поединец е биохемиски единствено битие, затоа не постои специфична исхрана, соодветна за секого. Луѓето мора самите да утврдат која исхрана е најдобра за нивната севкупна благосостојба. Можете да разговарате за своите сексуални активности, вашата исхрана и за влијанието на прехранбените адитиви со вашиот лекар, кој би требало да има некои сознанија во врска со исхраната.
Докажано е дека добрата исхрана третира голем број на сексуални проблеми. Здравата храна има неверојатно корисен ефект врз вашето тело. Треба да јадете за да живеете, а не да живеете за да јадете. Секојдневното внесување на преголемо количество шеќер, сол, заситени масти и хемиски адитиви во организмот може да влијае на сексуалниот живот и задоволството. Особено треба да се погрижите да јадете помалку црвено и пушено месо, бидејќи тие се познати по тоа што содржат отрови, кои го преоптоваруваат црниот дроб, предизвикувајќи висок степен на крвен притисок и намалено сексуално задоволство.
Шеќерот како закана за сексуалниот живот
Долгорочната исхрана која вклучува премногу шеќер може да предизвика хипогликемија или шеќерна болест, која има штетно влијание врз сексуалниот живот. Лице кое страда од хипогликемија (недостаток на шеќер во крвта) може да има главоболки и дезориентација, да се чувствува депресивно, со недостаток на енергија или чести промени во расположението. Многу жени со дијабетес треба да земаат цинк за одржување на нормален сексуален живот.
Сиромашен сексуален живот предизвикан од несоодветна исхрана
Некои лекари веруваат дека поголемиот дел од проблемите поврзани со секс се јавуваат токму поради токсичните супстанции во храната кои се излачуваат преку половите органи. Несоодветната исхрана на тој начин може да резултира со бројни проблеми, како што се фригидност, помалку осетливи гради и вагина, недостаток на оргазам, па дури и чувство дека сексуалниот живот е механички. Истото важи и за импотенцијата, предвремената ејакулација и губењето на сексуалната желба. Овие феномени во голема мера зависат од вашата исхрана.
Исхраната на човекот јасно влијае на спермата, дури и кога мажот не пие алкохол и кафе. Исто така, во зависност од тоа каква е исхраната на жената тоа се одразува врз нејзиниот вагинален секрет.