Квадратурата на Груевистичкиот круг

Како да се прифати личниот пркос, бес, огорченост – како да се обработи и разработи уште една „одложена иницијатива“(?) знаејќи дека единствениот господар на идеолошкото поле е партијата на власт

 

Партијата нарачува и откупува што нејзе и треба и одговара. Логично убитачно! Држејќи ги под идеолошка контрола сите сфери – школство, судство, масовни медиуми… – режимот се осигура против интелектуалците. Се вели, низ народот, се’ е корумпирано. Ја заболе Партијата што некој кројач или гостилничар ќе стекне замок, а некој директор вила и јахта; ја заболе партијата што некој општински секретар наталожил мито кое ќе го префрли во Австрија или Чешка – важно за Партијата е да бидат послушни и мирни. Но, кога би се отворила можност, да писателите и интелектуалците слободно делуваат, да се здружуваат и евентуално пронајдат мецени меѓу стопанствениците, кога вакви слободари би пишувле за сите феномени на режимот, кога весниците би биле независни (можеби „приватни“?)… тогаш ќе дојде до ПАД НА РЕЖИМОТ.

 

Вака, тотална индоктринација и трајна поропаганда го одржува режимот, без разлика на надворешни и внатрешни притисоци.
Дали ова се гледа? И кој го гледа? Зарем стравот од затвор и прогон го загуши секој збор на бунт, непокор? Можно ли е рамнодушноста на масата и отапеноста на интелектуалците да се објасни исклучиво низ страавот? Ми се чини, парадоксот лежи тука. Релативната животна сигурност е еден вид ДУХОВЕН АНЕСТЕТИК. Човек присилен на просечност (а свесен дека за да се освојува нешто, потребно е ангажман, борба и жртва, нарочито за „Сонуваната демократија“), лесно се ПРИВИКНУВА на ПРОСЕЧНОСТ.


Се мисли: по(а)рно и вака, со малку, ама гарантирано, отколку нешто друго, можеби подобро, ама несигурно. Ваквата перфидност на груевизмот која генерира АЛЧНОСТ и се’ кон неа се подредува, веројатно е психолошкиот клуч за рамнодушност и отапување на отпорот како еден вид ЗДЕБЕЛЕН АУШВИЦ, режимот се одржува на човечката непокретност! Демократијата, велат умните, е предизвик и борба, а денешниот режим е мртвило, прдеж-состојба во која сигурно се дреме. Демократијата претставува развој, а груевизмот стагнација.


Обманата лежи во триковите: владејачката структура за неполна декада ги разви до совршен модел!


„Социјалната сигурност“ која само реторички гарантира врааботување, основен начин за поткопување на извесноста, дека ниедна и ничија НЕСПОСОБНОСТ не e, и нема и не може да биде причина за отпуштање (од работа), одличен начин за купување на човечките души, било кога и било каде: во било кое општество!!!


Светот се темели на просечност, а само нужното го наведува на пробивање и напредување.


Груевизмот даваше некои „симболични знаци“ на конкуренција внатре во политичкиот апарат, што парадоксално, само ја докажа слабоста на економската „реформа“ со која првично, дојде на власт. Со тоа овозможи да се укине развитокот на Човечкиот Дух. Релативната сигурност, која ваков тип на режим сепак ја пружа, се зема како објаснување „Зошто мнозинството на поданици“ – не се буни! НОН-СТОП бомбардирани од пропаганда за маните на Западниот свет (кој ми е при рака низ книги и филмови), нашите луѓе навистина и искрено се згрозуваат на „егзистенционалната несигурност“ која, наводно, таму владее. Слабо информирани, да речеме, за синдикалната поддршка, која сепак, работничката класа ја добива, нашите луѓе многу лесно стекнаа впечаток дека ама баш секој работник е зависен исклучиво од хировите на работодавецот.


Филмовите, кои се силен полигон во Западната демократија, на кои нивните автори пркосат на многуте слабости внатре, во своите општествени уредувања, уште повеќе го притискаат нашиот граѓанин – како второграѓанин – дека е среќен што не живее на Запад. Наместо тие филмови да ги разбере како тамошна политичка полемика, тој овде ги прифаќа како доказ на партиската пропаганда, која системски шири лага. Меѓутоа, непрекинатиот предизвик на живот на слобода, ОТВОРЕНОСТ за ШАНСА која, на секој еден му се пружа, се’ ова, во западните демократии е вистинит факт за кој повеќе не се бара ПРИФАЌАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ МАСИ. Имено, таа маса одамна се придвижила, прифаќајќи се’ што слободата може да пружи.


Од друга страна, пак, залулан во „сигурноста“ на своето запослување, здравствена заштита и каква-таква пензиичка… нашиот СЕБИЧЕН ДРУГАР, задоволно ни се смешка кога ќе слушне што се’ не се нуди во западните демократии.
Системот успева да му го втера в глава чипот – „Филозофија на мрзливоста“ – никој не може толку многу да плати, колку што јас малку би работел. Јебеш ти предности на капитализам, вели нашиот другар, кога во него треба многу тешко да се работи. А, зарем не е подобро вака: малку работи, себично живеј, и ко Цар…!? Има во ваквата „филозофија“ вечна инертност на животот која и’ се противи на сите животни сокови, се противи на сите промени за секое радикално прашање и одговор! Кои се причините на КВИЈЕТИЗАМ во Македонија?


Ако понатаму продолжам да „одмрсувам“, свесен дека во моето пишување има „теориска“ збрка но, тука ќе престанам, затоа што немам намера да ја решавам КВАДРАТУРАТА НА ГРУЕВИСТИЧКИОТ КРУГ, оти сум свесен за своите скромни капацитети. Имам само илузија како би требало да се обидеме да ги илустрираме емоционалните и психолошките аспекти на живеењето во „декадата на груевизмот“.


Знам, знам, од ова погоре: мора да се обидеме да направиме – нешто!


Како да се прифати личниот пркос, бес, огорченост – како да се обработи и разработи уште една „одложена иницијатива“?; сањарим с миром док се душа ноча и влага снова хвата душу моју (Т. Ујевиќ) 

Leave a Reply

Your email address will not be published.