Квадрат барок може да чини и над 3.200 евра!

 Толку барем досега ја чини Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) квадратен метар од новата деловна зграда чија изградба се привршува покрај Вардар

Ова може да се заклучи ако на досега потпишаните договори, се додаде вредноста и на новиот анекс-договор за изградба на зградата, за што јавиja повеќе медиуми, повикувајќи се на Бирото за јавни набавки.

Според јавно достапните информации, новиот анекс -договор кој бил склучен без јавен повик, туку по пат на преговарање, е во вредност од 900.000 евра и тој се однесува на дополнителни градежно – занаетчиски работи. Претходно АЕК имал склучено договор за уредување на ентериерот во вредност од 1,2 милиони евра. Кога на ова ќе се додаде и вредноста на основниот договор за изградба на овој објект од 8,5 милиони евра, кој бил склучен по принципот „клуч на рака“, се доаѓа до вкупна сума од 10,6 милиони евра, колку што досега чини зградата сместена помеѓу онаа на Археолошкиот музеј и кружната на Обвинителството и Финасиската полиција. 

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.