Порталот “Курир” – параван за перење на пари на актуелната власт?

Редакцијата на Центарњуз од свои извори дознава дека на сметката на “Курир” годишно легнуваат над 1.500.000 евра а редакцијата на “Курир” има само 6 вработени. Сомнително е што се случува со волкавите суми на пари кои “Курир” ги остварува годишно.

Познавачите на финансирање на медиуми без дилеми за Центарњуз велат дека преку провладиниот курир покрај тоа што власта ја спроведува својата пропаганда, туку и фирмата ја користи како инструмент за вадење на црните пари. Соговорникот на порталот Центарњуз кој одреден период бил менаџер на еден национален медиум а кој сака да остане анонимен за јавноста вели дека вкупното годишни расходи на еден ваков медиум со 6 вработени не се повеќе од 200.000 евра, ако се земе предвид дека просечна плата на вработен новинар е 800 евра во бруто износ, ако на тоа се додадат наемнина на простор и режиски трошоци сумата не надминува 200.000 евра. 

Редакцијата на Центарњуз прашува во чии џебови и за чии цели од сметката на Курир годишно исчезнуваат над 1.300.000 евра? 

Leave a Reply

Your email address will not be published.