Култура на неплаќање

Фактот дека таа специфична ‘култура’ во оваа земја се задржала долго и после апартхејдот, практично се до денешно време, зборува најмногу од се за човековата природа, додека Јужноафриканската Република денес има тешка задача некако да се ослободи од тоа непријатно наследство и негативен имиџ поврзан за оваа длабоко вкоренет обичај и навика.

Романтичниот призвук на неплаќањето

Кога ‘културата’ на неплаќање некаде зема замав, или дури завладее, скоро е невозможно – се покажало – да се ослободиме од неа. Нашите балкански соседи, Грците, на пример, знаат многу за тоа. Тамошната широко распротстранета ‘култура на неплаќање’ нема романтичен призвук на политичка броба на слабите против моќните каков што (некогаш) имал во Јужноафриканската Република. Неодамна во германскиот Шпигл објавен е податок дека само триста најбогати луѓе од Атина во пријавите за повраток на данокот напишале дека се сопственици на базен. Сомничавите даночни инспектори внимателно ги прегледале сателитските снимки на богатите атински предградија и лоцирале ни помалку ни повеќе туку 17.000 базени! Пресметано е исто така дека грчката влада, на сметка на неплаќање на данок, губи околу 30 милијарди долари годишно. Кризата која ја убива Грција, се испоставило, не би се случила кога секој, а особено најбогатите, го плаќа она што го должи. Меѓутоа, ‘културата на неплаќање’ на разгалените и неодговорните грчки богаташи, евидентно, довела да оваа земја биде на работ на пропаста.

Балканска ‘култура на неплаќање’ 

Да тргнеме сега малку нагоре, кон Европа, и налетуваме, сакале или не, во регионот на Западен Балкан – т.н. Југосфера. Составен од мали држави и меѓусебно блиски, иако јако самосвесни култури, чиј систем на незначајни (но битни за локалните народи!) разлики ги збунуваат ретките странски посетители, овој регион се одликува со особена шареноликост. Предлагам поради тоа, во оваа мала дискусија за ‘културата на неплаќање’, сепак да се концентрирам на оној дел од регионот кој го познавам најдобро – Србија.

Во Србија, на пример, за разлика од Јужна Африка ‘културата на неплаќање’ како форма на политички бојкот е апсолутно невпзможна со оглед дека механизмот на подмирување на долговите преку големите системи (за услуги за струја, вода, греење, па дури и за тв претплата) во Србија работат особено добро. Дури би можело да се тврди дека во оваа земја всушност скоро и ништо не функционира како треба освен (доброволната или присилна) наплата на сметките за основни животно потреби. А кога не оди ни едното ни другото, следува, се знае, исклучување. Е – мислам понекогаш – да сме само во се друго вака агилни, прецизни, вредни, успешни и, зошто да не, немилосрдни, како што знаеме да бидеме кога на некој сиромав треба да му го одземем она последно што го има, на пример, струјата или греењето, верувам дека сега, според достигнатиот степен на економска развиеност, веќе би биле рамо до рамо со Скандинавија.

За жал добро знаеме каде сме и што сме: општество кое веќе долго време минува низ една дива транзиција од социјализмот, преку војни и дезинтеграција на бившите држави и скоро сите нејзини вредности, во еден рудиментален, суров, паланачки капитализам без правила.

‘Културата на неплаќање’ на српски начин, според тоа, се однесува на неспремноста на нашите капиталисти, директори на претпријатија, сопственици, газди итн. чесно и на време да ги плаќаат своите вработени. Ако баш не мораат. А очигледно – не мораат. Предаторскиот инстинкт на крупните рани капиталисти им зборува дека во немилосрдниот пазарен натпревар каков што денес практично секаде владее најбитно е најнапред да се задоволи сопствениот стомак.

Ронките кои ќе преостанат (под услов воопшто нешто да остане) можат понатаму по волја да се расподелат на другите. А и не мораат. Зарем не е тоа, на крај, разбирливо и човечки? Па, ве мола, кој ќе мисли за платите на вработените, таа досадна обврска, кога треба да се исплатат долговите на незгодниот партнер чија методолошка суровост не познава граници? Стоката, како и техничките услуги, исто така ќе се платат, со помалку или повеќе натегања, бидејќи во спротивно би било невозможно повторно да се набави.

Обвските спрема државата вешто се штимаат така да излезат што помали – никој не е луд да ги подмирува сите тие даноци и допринеси и други бесмислени такси од кои, познато е, и онака нема ништо. Сепак, и тие, на крајот, се платени. Бидејќи, да бидеме реални, државата е држава и со неа не треба да се шегувате!

‘Култура на неплаќање’ заснована на неправда

И сега: на кој му е судено да ја поднесува таа цврста одлучност на нашата управувачка класа да не го плати она што мора, кој останува на самото дно да го носи целиот терет на својот грб од таа посебна, само наша ‘култура на неплќање’?

Обилните луѓе, ете кој, вие и јас, вработените, работниците, сите оние кои немаат ништо друго туку да се проституираат во глобалниот купопродажен бордел освен своето време, својата работна енергија и поголемата или помала професионална спремност. И тоа за плата која, дури и кога би стигнувала на време, само во ретки случаи може да потрае до наредниот месец. 

Не се сомневам дека (економските) проблеми во кои нашето општество се наоѓа се преголеми и бескрајно комплексни. Дури и не се преправам дека ги разбирам. Меѓутоа, имам впечаток дека во сето тоа сепак има и нешто друго: потајно задоволство, можеби хоби, па дури и спорт. Во таа динамична игра на неплаќање заснована на чиста нерамноправност, работниците и немаат што друго освен да молчат и да трпат. Научиле дека иднината главно не носи ништо добро. Пасивноста е нивна елементарна особина. Дури и ако се побунат, го прават тоа некако меко и немоќно без вистинска верба во можните промени, како едноставно да сакаат јавно да се пожалат и да ја разгласат болната вистина за сопствената состојба. Која на сите им е добро позната, па поради тоа и досадна. 

Пред некое време поминував пред улицата на Немања покарј некој од Министерството пред кој во протест се собрала група очигледно осиромашени граѓани. стоеле на дождот, опкружени со полицајци, облечени во својата ефтина, излитена гардероба. Во моментот кога поминував покрај нив, еден од групата со горчлив глас ја извика самата суштина на сопствениот бунт: “Девет месеци не сме добиле ниту динар!”

Тој негов крик не ги раскина густите облци над нивните глави. Не добивте, па што – како да им се ругаше целата нивна темносива реалност – не добивте и нема да добиете. Полицијата ги трпеше некое време, а потоа механички, во склад со правилата на службата, ги растера. Сега веројатно некаде други викаат “десет (единаесет, дванаесет …) месеци не добиле ниту динар!”

А газдата – кој и да е – ужива. Му пукаат копчињата од кошулата. Се спрема за зимување на Алпите, а на лето со семејството во Тајланд.

Плата на време – безобразлук

Во нашето пропаднато стопанство работат е секако грозна, иако ништо подобро не е ниту во другите гранки. Особено се, ми се чини, слични и исполнети со јад оние гранки кои барем со дел зависат од интелектуалнуте услуги. Тие работи се осоебно наопаку. Додека разни технички услуги како и нивната вредност на пазарот на техничката, менаџерската класа колку – толку се јасни па понекогаш се плаќаат, интелектуалните услуги кај нарачателот уживаат толкав презир што тие длабоко веруваат дека очекувањето за (навремена) финансиска надокнада за такво нешто е еднакво на чист безобразлук.

Знам, да речеме, за дневни весници кои веќе со месеци не испаќаат хонорари на редовните соработници. Уредникот во меѓувреме не им одговара на телефонските позиви, додека шефот на сметководството е особено љубезен и при секој разговор е заинтересиран за нивното здравје. Тие се двоумат да се побунат, иако се понижени и загрижени за својата иднина, бидејќи се плашат да да останат и без тоа, и објективо немаат идеа каде би отишле. Како да на друго место е подобро, мрморат тешко сами за себе. Таа тажна вистина подеднакво добро ја знаат како оние кои должат така и оние на кои им должат. 

Специфичната ‘култура на неплаќање’ – која кај нас, за разлика од Јужноафриканската Република, ја негуваат богатите применувајќи ја над сиромашните – е особено жива и здрава и не и се гледа крај во скоро време.

 

 

 

 Извор: e-novine.com

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.