Кучиња копаат по нашиот двор

Дали вашето куче копа по вашиот двор оставајќи дупки – кратери насекаде? Ако е така, прво нешто што треба да знаете е дека вашето куче не го прави тоа од инает или заради желба. Најверојатно бара нешто. Најчесто нешто поврзано со минатото.

Во општеството во кое живееме секојдневно се таложат купишта на проблеми. Проблеми креирани од најобични човечки суштества. Проблеми кои не засегаат сите нас, иднината на нашите најмили, иднината на државата во која живееме. Тие проблеми создадени се од (не)луѓе, па затоа и од луѓе можат да бидат решени. Процесот на решавање се движи навистина бавно. Но сепак се движи. Кога поединец е вклучен во еден таков процес, храброста е единствената особина која му го гарантира успехот. Колективноста и слободниот дух е неговото главно оружје. И во тој процес нема место за страв. Бидејќи стравот во реалноста не треба да постои. Единствено место каде што постои е во нашите мисли. Мислите за иднината. Тој е производ на нашата имагинација. Една работа да се разбереме. Опасноста е реалната работа. Но стравот, стравот е сопствен избор.

Наша одговорност и одговорност на македонските граѓани е да се врати стабилноста и демократскиот дух во државата како и обнова на бенефициите кои ги имаме во однос на стратешката местоположба на Македонија во регионот.

Не постои таму некаде во блиската далечина некој стар и мудар човек кој ќе ни укаже на вистинскиот пат среде крстопатот. Нема таков таму. Таму сме само ние. И затоа едноставно не смееме да испуштиме уште една шанса. Мораме да го направиме она што мораме за на крајот целата ситуација да излезе на добро.

Кога кучето од соседот ќе ви дојде во двор и притоа дезориентирано почнува да прекопува низ вашата градина каде ќе му текне, нормално е првата ваша реакција да биде вознемиреност, нервоза, чувство на раздразденост. И имате апсолутно право да се чувствувате. Кој му дозволил да се однесува така? Слична е ситуацијата и со “фамилијата” (кучешка). Ни ја “раскопаа” целата држава која самостојно и заеднички ја градевме од деведесеттите па наваму. Срамови и резил белези оставија секаде каде што заминаа да не претставуваат. Единствен заеднички јазик и дијалог остварија само со неколкуте останати диктатори во светот.И со никој друг. Кога такви кучиња ни копаат по нашиот двор, имаме апсолутно право да “пукаме” на нив.

Порано или подоцна кучињата се обидуваат да избегаат.Тоа го прават со конкретна причина.Или да се дојде до нешто, да се добие нешто од некаде, или пак поверојатната варијанта да побегне од нешто. Тие кучиња немаат кредибилитет, достоинство и лице да не претставуваат пред странските фактори. Од сопствените граѓани прават будали, ги манипулираат со излишни работи преку сопствените медиуми за потоа непречено да го трошат времето на цело едно општество. А општеството некако наопаку ни е. Мегаломани недоучени блиски до власта ни ги кројат медиумските политики на државата. Идиоти средношколци со прстот во носот се носечки столбови на бизнис секторот. Доктори со фалсификувани дипломи се грижат за нашето здравје. Корумпирани полициски службеници мутираат во главни локални шерифчиња. И се е наопаку. Овде кај нас “Рибата мириса од главата, а ја чистиме од опашката.”

Актерот Бата Стојковиќ во култниот филм “Балкански Правила” дава прецизна дефиниција за едно слично општество:
“Овој свет остро е поделен на два дела.На будали и на оние кои трпат.Овде има многу будали, но и лесноверни луѓе кои може многу лесно да се купат и уште полесно да се заведат. Тие “домаќини” мислат дека им е дадено да го трошат целото време на еден народ, како да е нивно, како да од тој народ повеќе ништо да не може да се очекува. А овој простор е шкрт кога треба да се создади човек со мисија, човек кој ќе може да ги гледа работите еден век однапред.Овде се живее стихијски, примитивно и сите непрестанато страдаме.”
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.