Кризата ќе влезе во втора, пожестока фаза, ако не се договори преодна влада во Брисел

– пишува Либертас.

Од преговарачките кругови се коментира дека Американците се уште не се вмешни во овој тип на преговори, односно се уште се присутни само „за сликање“, иако постои тврдењето дека нивната амбасада е засилена со стотици нови експерти во цивили кои од таму ја следат кризата.

Веројатноста кризата да влезе во втора, пожестока фаза се големи, според нашите извори.

Пеисмисти се дека и во Брисел, на 10 јуни ќе има договор за техничка преодна влада без Груевски на чело.

 

Заострувањето, во втората фаза ќе подразбере пуштање во јавноста на прислушкуваните разгвори поврзани со случајот Монструм (Смилковско езеро) и вжешување на атмосферата по тој повод, што експертите сметаат дека е подигање на влогот во кризата, по што може да се очекува и вмешување на Американците во преговарачкиот процес.

 

Кризата ќе се продлабочи на следниов начин. Не мора да се очекуваат само демонстрации, за кои постои стравување дека може да бидат и насилни, туку и напуштање на институциите на власта од страна на Албанците. На ДУИ ќе и биде невозможно да остане во такви институции кои може да направат таков чин на неправда.

Можно е и пошироко дистанцирање на Албанците од институциите на системот и нивно одрекување.

Второ, македонскот дел од таа борба е поврзан со можно судење за лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Имено, се зборува дека опозицијата нема да дозволи овие институции на системот, по пропаста на преговорите, да го судат Заев. Toa подразбира радикализирање на кризата и од македонска страна со можен судир со полицијата ако се обиде да го приведува.

Оваа радикална граѓанска непослушност, и на Албанците и на Македонците, по различни поводи, заедно ќе ја подигне кризата, а атрофија на македонските инстутции на повисоко ниво ќе ја продлабочи…

 

Веројатно тоа ќе биде ситуација во која ќе имаме и посилни преговарачи и преговарачки процеси.

Тоа се очекува да се случува кон средината на јуни.

 

Извор: Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.