Кривична пријава против 10-мина вработени во „Македонска пошта“ за грабежот во Чаир
Министерството за внатрешни работи до ОЈО поднесе кривична пријава против 10 лица сите од Скопје, А.С.(31), З.Ј.(50), Г.А.(27), И.А.(40), Б.И.(32), Р. Џ.(29), Н.Б.(30), И.П.(41), В.Б.(48) и В.Т.(49), инаку сите вработени во АД „Македонска Пошта“ поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “несовесно работење во службата” предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ.
Кривичното дело го извршиле во својство на службени лица на тој начин што со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможиле на 26.07.2013 година во 07,15 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, во пошта Чаир две непознати маскирани и вооружени лица да извршат кривично дело “разбојништво” и да одземат 13.660.000 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист. Со тоа ја оштетиле не само АД „Македонска Пошта“ туку и Република Македонија, бидејќи станува збор за претпријатие во државна сопственост, стои во соопштението од МВР.
повеќе, ТУКА