A1ON: (ВИДЕО) Критичкото мислење единствена алатка против грешките и лагите во образованието

 

Владимир Милчин, извршен директор на Фондација Отворено општество Македонија, ја цитираше писателката на епска фантастика, Урсула Легвин која изјавила:

„Мислам дека доаѓа тешко време кога ќе сакаме да ги чуеме писателите кои нудат алтернатива на ова како живееме денес, оние кои во нашето општество исполнето со страв и опседанато од технологија, можат да понудат поинакви облици на постоење, дури можеби и нова надеж. Ќе ни бидат потребни писатели кои ја помнат слободата”.

 

Тој говореше за моќта на книгата споредувајќи две книги кои ги опишувале за настаните во Чехословачка во 1968 година, едната т.н.р Бела книга во која советски новинари во соработка со чехословачки, напишале книга полна со лаги кои во тоа време требало да бидат единствената и официјална верзија во која морале да веруваат граѓаните за тоа што се случило во август 1968 година и Црна книга со многу поголем број страници која ги опишувала вистинските настани, со документи и факти.

Тој ги покажа овие книги едната полна со невистина од 159 страници и другата од 503 страници, пишувана тајно и забранета.

– Оваа книга беше забранета и се разбира не можеше да биде во ниеден излог, по налог на Државното обвинителство на Чехословачка беше повлечена иако никогаш не стигна во книжарниците, меѓутоа стана предмет на претреси, потраги судења и кај сите кај кои беше најдена добија по некоја година затвор. Таа детално се занимава со тоа што се случувало пред и за време на инвазијата. Она што е овде фрапантно е колку повеќе страници или зборови се потребни за да се демантира една лага односно клевета која е сместена на многу помалку страници. Патем речено и ни сега имаме една црна книга за црниот понеделник, рече Милчин.

 

Според Жарко Трајановски, експерт за човекови права и активист, формалното образование во Македонија е многу полошо од неформалното, она што не се учи на факултет. Тој наведе неколку катастрофални грешки од учебниците за основно и средно образование:

– Во учебник од 2007 година по психијатрија пишува дека -хомесексуализмот претставува растројство на сексуалниот нагон..Она што е битно е дека после тоа организацијата МАСО го таргетираше тој учебник, па после продолживме да водиме борба да се повлече тој учебник, па почекавме со години да се донесе закон за спречување диксриминација. На крај добивме дека тоа е дискриминација и тие страници треба да бидат повлечени. Сеуште не се повлечени, има поминато 7 години, но ќе се трудиме да бидат повлечени. Во секој случај добивме една битка против овие автори. Некои од тие автори се извинуваа зашто ја навредиле оваа популација, но главниот автор сеуште не се извинува и борбата сеуште трае. Уште еден учебник, тоа е по педагодија, пишуваше: Во литературата љубовта меѓу половите е дефинирана како збир појави во човекот (субјект) , кој тежнее кон одредена личност од спротивниот пол(објект) , кон одат кон духовно зближување и телесно соединување по пат на взаемно чувствување. Во анализата напишавме дека –со вакавата дефиниција љубовта им се ускратува на сите личности кои не тежнеаат кон одредена личност од спротивниот пол. Има и други чудесии во тој учебник, на пример, “Половиот нагон кој пред се е само физички не е нормален за човекот, а им е својствен на животните и се применува за размножување. Половиот акт во отсуство на љубов кај луѓето, не е природен начин на телесно соединување на двајца од различен пол”. “Хомосексуалноста и лезбeјството се опачини, а учесниците на таквов изопачен неприроден сексуален живот се личности со психички потешкотии и пречки”. Не знаеме што се’ учат нашите деца, а тоа е многу важно, затоа што критичкото мислење започнува токму во таа фаза кога ние се спротивставуваме на она што е режим на образование, а учебникот е симбол на тој образовен режим и систем, рече Трајановски.

 

 

Искра Гешоска теоретичар на културата рече дека треба да се мисли за тоа како да се промовираат модели на општествена и политичка акција преку која ќе се развива визија за критичко промислување во и кон реалноста.

Сега кај нас ние сме соочени со вулгарни банални комерцијализации на она што е основа на секое добро структурирано општество – образованието, рече Гешоска.

 

Авторите на проектот Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност”, Ивана Васева и Филип Јовановски говореа за мотивите за работењето на овој проект и насоките во кои ќе се движи во иднина.

– Еден од мотивите беше еден гнев што беше насобран заради бришење на меморијата, бришење на знаењето. Од друга страна тоа беше и користењето на знаењето како отпор кон некои доминантни позиции на моќ, рече Јовановски.

 

 

Извор: А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.