Кристијан Ивановски од Кавадарци е победник на интернационалниот избор за Мистер

Деновиве во Банско, Бугарија се одржа познатиот избор Little Miss & Mister Galaxy. Овој избор се одржува веќе шест години по ред и од година во година е на се позавидно ниво, пренесува БРИФ. Во конкуренција на педесетина учесници од целиот свет, Македонија со своите тројца претставници се вратија со титули, секој во својата категорија.

Во најмалата категорија, титулата прва придружничка ја освои петгодишната Симона Николовска од Скопје. Во категоријата на тинејџери нашата земја се здоби со две признанија. Скопјанката Ива Мирчевска – Стојмиловска (14) беше прогласена за втора придружничка, а шеснаесет годишниот Кристијан Иваноски од Кавадарци го освои првото место во машка конкуренција и титулата „Мистер тин галакси“.

Кристијан ги долови своите импресии од овој настан.

– Едноставно не можам да ви опишам, премногу сум среќен и задоволен од постигнатото, некогаш некои работи ни изгледаат невозможни но со вложување повеќе труд и верба во себе сето тоа ќе биде блиску до прагот на остварување. Исто така морам да напоменам дека ова е големо искуство за сите нас. Сега, на некој начин сме поблиску и до другите слични настани кои се од светски размери. Ова стекнато искуство ќе го пренесеме и на други настани – рече Кристијан.

– Несомнено дека Македонија има квалитети, но таквите квалитети треба да се откријат и да се насочат во правилната насока. Модното студио Црнокрак како и секогаш па така и сега добро ја одработи својата работа, ги одбра најдобрите и повторно резултира со успех. Се претставивме во најдобро светло, и уште еднаш докажавме дека Македонија има квалитети – додава Кристијан.

Извор БРИФ

Leave a Reply

Your email address will not be published.