Креативност и луѓе кои ќе ви го стоплат срцето

Човекот кој го претвора сметот во мобилни домови

Рециклирањето само по себе е одговорен чин, но станува акт на неверојатна добрина кога користите рециклирани материјали да изградите подвижни домови за бездомните.

 

Проектот за домови за бездомниците на Грегори Клоехн обезбедува слатки мали мобилни домови за бездомните луѓе во Окланд, САД. Материјалот за рециклирање го добива додека работи како возач на возило да собирање смет во иднустриските делови од градот.

Подвижните домови на Грегори се со големина на еден кревет, и сите имаат тркала. Имаат шармантен изглед и го задржуваат изгледот и текстурата на материјалот од кој се направени.

 

 

Човекот кој креира засолништа на надувување за бездомниците користејќи го воздухот од вентилаторите

Михаел Раковитз е артист од Њу Јорк. Со години работи на проект за помош на бездомниците од неговиот град. Голем дел од неговите креации се варијации на дизајнот на првичниот концепт кој тој го нарекол ParaSITE. Неговите ParaSITE засолништа се всушност пластични вреќи кои се надувуваат со вишокот топлина

 која ја обезбедуваат уредите за греење/ладење на објектите. На тој начин не само што се надувуваат туку овие мобилни домови се обезбедени и со греење за ладните денови.

 

Човекот кој поставил ‘фрижидер на солидарноста’ пред неговиот дом

Човек од Саудиска Арабија посакал луѓето во неговиот град кои не можат да си обезбедат себе си храна да ја добијат истата без да се почувствуваат засрамени со просење, па затоа поставил фрижидер пред неговиот дом. Луѓето можат да донираат храна или да земат храна ако имаат потреба од неа. Салах рекол дека оваа идеја треба да се имплементира во државата за време на месецот на пост Рамадан. 

Невладината организација која креирала подвижни продавници за луѓето да можат да донираат облека за бездомниците

За да им помогнат на оние кои немаат, M&C Saatachi Abel и Haven Night Shelter Welfare организацијата, поставиле подвижна продавница низ улиците на Кејп Таун, каде се оставала облека која подоцна бездомниците би можеле да си ја земат.

Како што се гледа на сликата ‘рафтовите’ се изработени од картон и имаат место каде може да ја закачите облеката. На тој начин бездомниците би можеле да одберат што би им користело.

Оваа подвижна продавница го олеснува начинот на кој луѓето можат да донираат но исто така обезбедува да се таргетира поголема група луѓе без домови.

 

 

 

 

 

Пензиониран бербер ги разубавува бездомниците во замена за прегратки

Ентони Кимерис последните 25 години познат како Џо Берберот, им нуди на бездомниците во Хартфорд, САД разубавување во замена за прегратка. Оваа ‘акција’ ја започнал во 1988 година. Оваа година по неговото пензионирање тој престанал да работи, но не престанал да работи за прегратк. На почетокот им помагал на луѓето во засолништата и населбите за бездомници, потоа се префрлил и на улиците на градот за да заврши во паркот Бушнел. Секоја среда паркот е преполн со бездомници кои чекаат за релаксирачки третман, кратење на коса, бричење и масажа на лице од 82 годишниот Џо. 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.