Кошаркарите од кавадаречката гимназија “Добри Даскалов” се државни прваци

Со максимални четири и тоа повеќе од убедливи победи, кавадаречките гимназијалци во голем стил ги запишаа своите имиња до славната генерација предводена од Тодор Гечевски. Тие триумфираа на државното првенство во кошарка.

Кошаркарите заедно сосвојот тренер и претседателот на Сојузот на училишни денеска за ова високо достигнување беа примени од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов. Тој им честита на успехот, да бидат први меѓу стотина екипи од средните училишта во државата. Панов на средбата беше информиран за идеите на тимот за натамоно дејствување, а им вети дека е на располагање да им помогне секогаш кога ќе им биде потребна помош од локалната самоуправа.

Извор и фото КТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.