Кошаркарките ја победија Бугарија

Денеска црвено-жолтите играа токму против домаќинот Бугарија и победија со 64:60 благодарение на одличната игра во последната четвртина која ни припадна со 20:10.
На тој начин ги задржавме шансите за висок пласман во групата А и со биланс од три победи и два пораза во моментов сме на 6-тото место со 8 бодови три помалку од лидерот Чешка или два негатива од второпласираната Белгија. Утре на шампионатот е ден за одмор пред трите натпревари кои не очекуваат нас преку викендот. В петок со Чешка, па со Летонија и на крајот в недела со Белгија. Во денешното 6-то коло одигра уште Португалија – Чешка 51:58, Белгија го победи Израел 61:39 и Романија – Летонија 55:93.

Leave a Reply

Your email address will not be published.