Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија шампионскиот трофеј во шпанската лига

Во петтиот дуел од финалната серија, Реал доби три од четирите периоди. Во првите 10 минути домаќините имаа и двоцифрена предност, но Каталонците успеаја да намалат на два негатива 20:18. Сепак на полувреме мадридскиот клуб отиде со поосетлива предност,откако го доби вториот период со 21:13.

Барселона беше поуспешна само во третата четвртина која ја заврши во своја корист со 16:14, недоволно за пресврт, бидејќи во последните 10 минути новиот шампион беше поуспешен со 24:23.

Фернандез со 15, Рејес со 14 и Дарден со 13 поени беа најефикасни кај Реал, а Инглс со 25 и Јасикевичиус со 23 беа најдобрите поединци во гостинскиот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published.