Кошаркарите во полуфиналето на Медитеранските игри: Победа и над Алжир (89-81)

 

Кошаркарските репрезентативци ќе се борат за медал по двете победи во групата, покрај против Алжир и онаа вчерашната против Египет, со што против домаќинот Турција единствено ќе се бориме за позицијата во групата и противникот во полуфиналените дуели на турнирот.

 

Александар Костоски и Димитар Караџовски беа носители кон денешниот триумф на дуелот кој го стартувавме агресивно но до крајот на првата четвртина Алжирците успеаја да го преземат ритамот за нивна предност од половина кош по првите десет минути. Потоа се беше во наш знак, јасно потврдувајќи во третиот период, кој беше пресуден, дека сме класа над овој противник за сосема заслужена победа.

 

Најефикасен во нашиот тим беше Костоски со постигнат 21 поен на натпреварот, додека Караџовски заврши со 17 постигнати поени. Синиша Авровски постигна 13 поени дополнети со четири скока, додека Бојан Трајковски заврши со 12 поени и пет скока, а Дарко Соколов дуелот го заокружи со 11 постигнати поени.

 

Нашиот противник во полуфиналето ќе го бараме меѓу селекциите на Србија или Тунис кои исто така меѓу себе во директен дуел ќе одлучат како ќе завршат на водечките две позиции во втората група.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.