Конкурс на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци
Право на учество на изложбата имаат сите членови на ДЛУК, односно ликовни уметници од Кавадарци и Тиквешијата дипломирани на факултетите за ликовни уметности во Република Македонија и странство заклучно со 1 октомври 2013 година.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- 1 дело со максимална димензија 100 х 70 или 50 х 50 х 50
- 1 фотографија на делото со наслов и димензии за потребите на каталогот доставена на CD
- Уплатени 100 денари со назнака за учество на Годишна изложба 2013, за ДЛУК, на жиро сметка: 200000962952457 со ДБ:4011001120855 депонент Стопанска Банка АД Кавадарци (потврда со уплатница)
Комплетните материјали за учество да се достават од 5 до 13 декември 2013 кај секретарот на ДЛУК Марјан Тодоровски, во просториите на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, секој работен ден од 9 до 12 часот. По 13 декември 2013 нема да се примаат дела за учество, а нема да бидат изложени ниту авторите кои ќе донесат некомлетни материјали (дело, фотографија, уплатница).
НАПОМЕНА: По завршувањето на изложбата (15 јануари 2014) делата да се подигнат најдоцна до 20 јануари 2014 година, во спротивно ДЛУК не сноси одговорност за сигурноста на истите.