Конечно конкуренција на Word едиторот на текст

Апликацијата користи freemium модел, односно за домашна употреба е бесплатен, а се наплаќа за опцијата со која повеќе автори може да соработуваат на текстовите. Креатор на Quip е Брет Тејлор, поранешен главен директор за технологија во Facebook.

За разлика од останатите едитори, Quip ги адаптира документите според димензиите на екранот на кој го гледате без разлика дали сте на телефон, таблет или десктоп. Покрај ова апликацијата овозможува споделување на документите, при што корисниците добиваат известување кога документот е отворен и уште поважно, можат веднаш да ги воведат соработниците со помош на интегрираниот сервис за текстуални пораки.

Промените во текстот на повеќе соработници се подредени како во речиси секој популарен софтвер за текст разговор. Флексибилноста на екранот значи дека за корисниците на телефон, дијалогот ќе го зафаќа целиот екран, но за поголемите екрани ќе заземе положба покрај работ, оставајќи простор за текстот.

Quip е пред сè наменет за користење на паметни телефони и таблет комјутери, и е достапна за iOS и Android оперативните системи. Дескотоп верзиите се поддржани за Windows и OS X. За жал барем засега Quip не се снаоѓа со документите од Word апликацијата, а не постои можност ниту за експортирање на Quip документи за Word.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.