Концепти: Иднината на производството автомобили

Genesis, е името на автомобилот добиен со помош на 3Д принтање, кој воедно ја доби и наградата Pilkington за најдобар дизајн. Ова е автомобил кој се добива со помош на 3Д принтер и кој сам се составува. Оваа идеа претставува сосема нов бран во индустријата за производство на автомобили не само поради различниот концепт туку и со една огромна предност: купувачот има можност повеќето од карактерситиките сам да ги одбере.

“Принтерот ќе ви испринта автомобил кој ќе ги исполни сите ваши спецификации” се спомнува во соопштението од Ројал Колеџот за Уметност. Примарната цел на автомобилот е да “ги унапреди производите и услугите, базирани на потребите на купувачите.” Иако целата идеа е проследена со песимизам, со доволно унапредување на технологијата потребна за еден ваков проект не е далеку од комплетно остварување.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.