Kолку сон ви е потребно за да сте најуспешни?

Директорите како Индра Ноји, која работи во Пепси и Џек Дорси кој работи во Твитер, сонот често го жртвуваат за да можат да сработат што повеќе и да имаат време за приватен живот.

Џек Дорси е основач на Твитер и извршен директор на компанијата „Сквер“. Во една пригода изјави дека во 2011 година поминувал 8-10 часа работејќи во „Сквер“ а 8-10 часа во Твитер, поради што за сон му останувале четири до осум часа. И покрај тоа, Џек вели дека секој ден во 5:30 оди на трчање.

Серџо Маркионе, извршниот директор на компанијата Фијат, ноќе спие само четири часа, а вели дека кофеинот и цигарите му помагаат да остане буден.

Мериса Мејер, извршениот директор на Јаху, работела и до 130 часа неделно, по што немала многу време за спиење. Вели дека шест часа дневно сон е доволно и неделен одмор на секои четири месеци.

Индра Ноји, извршната директорка на Пепси, вели дека спие само четири часа дневно.

Хелена Мориси, извршниот директор на компанијата „Newton Investment Management“, тврди дека станува во пет наутро, а некогаш и порано и веднаш почнува со праќањето мејлови, додека нејзините деца сè уште спијат. Со семејството се дружи на вечера во 19:30 часот, но после тоа повторно работи. Вели дека често знае да спие само два часа дневно.

Модниот дизајнер Том Форд вели дека неговиот успех не е во неговиот талент, туку во работната енергија, а според тоа доволно му е да спие само три часа дневно.

Познатата успешна жена, Марта Стјуарт, поради работните обврски за сопствениот бизнис, вели дека спие помалку од четри часа дневно.

Поранешниот американски генерал Стенли Мекристал, јаде само еден оброк дневно и спие само четири часа. Американскиот претседател Обама пак, најчесто си легнува во 1 часот по полноќ, а се буди во 7 часот наутро. Кога ќе искрсне некоја криза, спие помалку.

Џеј Лено, водителот на „The Tonight Show“, тврди дека спие само пет часа.

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон вели дека за време на извршувањето на претседателските должности, спиел пет до шест часа.

Доналд Трамп вели дека за неговиот успех е заслужно тоа што за среќа не му треба многу сон. Спред неговите зборови, во текот на ноќта спие три до четири часа. „Како некој кој спие 12 или 14 часа дневно може да биде конкуренција на некој што спие три или четири?“ изјави еднаш Трамп.

Толку малку спиел и изумителот Томас Едисон. На Бенџамин Френклин му биле потребни пет часа спиење од 23 до 4 часот натутро, додека Тесла спиел дури два часа.

Маргарет Тачер спиела до пет часа дневно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.