Колку и како се искористени парите од ИПА фондовите

Овие податоци произлегуваат од европските годишни извештаи, но од македонските институции сè уште нема конкретен податок колку и како се искористени тие пари, објавува Рaдио Слободна Европа.

Следната недела за прв пат во Македонија ќе се одржи надзорна расправа за досегашната искористеност на европскиот инструмент за претпристапна помош. Во меѓувреме ЕУ се подготвува за проектирање на следна седумгодишна програма.

Билјана Стојановска од Институтот за европски политики, вели дека Македонија во однос на останатите земји кориснички има најниска искористеност на ИПА фондовите во три од петте компоненти.

„Причините за ова се неколку, главната е комплексност и гломазноста на бирократскиот механизам на ЕУ фондовите и најмногу поради нискиот административен капацитет и недостигот на јасно поставени приоритети на национално ниво“, вели Стојановска.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека досега македонските институции не направиле сериозна анализа за искористеноста на првиот циклус од европските фондови.

„Освен еден штур извештај од Владата којшто не е сериозен бидејќи не ги опфаќа главните податоци и една промоција во Собранието на една анализа од невладини организации, значи тоа е сè за тоа како е рефлектиран првиот циклус на ИПА, што значи дека не се зема сериозно искуството во програмирањето на новиот циклус“, вели Бојан Маричиќ од МЦЕО. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.