Колку пари чини една возачка дозвола?

Од Испитниот центар на АМСМ ги отфрлаат обвинувањата . Тврдат дека кандидатите се недоволно подготвени, а критериумите за полагање се доста високи поради безбедноста во сообраќајот.

Да се земе возачка дозвола во Скопје е потфат за кој треба да се потрошат многу пари, трпение и здравје затоа што испитните комисии некогаш неоправдано туркаат на испитите, се жалат кандидати кои по повеќе пати се враќани од комисиите.

-Дали ќе паднете или ќе поминете на теоретскиот испит, полигонот и градското тестирање, одлучуваат единствено членовите на Испититниот центар на Автомомото сојузот, најголемиот монопол во земјава, вели Мирослав Станковиќ родител на каднидатот кој денеска и по трет без успешно се обиде да се стекне со возачка дозвола. Станковиќ реагира дека Испитниот центар ги одбива неговите приговори што пак, според него, оваа иснтитуција ја прави најнетранспарентна во државата.

„Ова зад мене е пералница на пари. Јас ги прашувам според кои критериеуми одлучуваат колку пати ќе падне кадидатот и дали после десетиот пат е доволно вложен труд. Во возилата има камери но, дали тие снимаат и колку снимаат треба да одговорат надлежните од АМСМ за да се провери работата на комисиите“, вели Мирослав Станковиќ, родител на кандидат.

Добивање возачка дозвола без дополнителните трошоци за повторно полагање на испитите, практика која се чини задолжителна во нашава земја, чини околу 22.500 денари. Цената може да биде повисока, зависно од тоа дали ќе паднете неколку пати, а кандидатите ваквата практика на испитната комисија ја коментираат како начин за полнење на сопствените џебови.

„Повеќе од 500 евра ме чини досегашното полагање на мојот син. Уште колку пари треба да дадам? Како да го охрабрам син ми повторно да се обиде да полага кога ни тој самиот повеќе не верува дека може да положи. На полагањето, на наше инсиситирање беше присутен и инструкторот според кого возењето се одвиваше без грешки“, додава Станковиќ.

Од Испитниот центар на АМСМ пак велат дека кандидатите кои се недоволно подготвени и паѓаат на испитите, сепак но можат реално да проценат колку навистина ги совладале возачките вештини.Укажуваат дека кандидатите се недоволно подготвени, а за тоа не се дури ниту свесни. Комисијата не може да работи по сопствена волја. Постојат законски регулативи и прописи според кои ги вршат оценките. Критериумот за полагање е навистина висок, но, тоа е исклучиво заради безбедноста на новите возачи, како и на сите граѓани.

Од Министерството за внатрешни работи, кое на конкурс ги избира испитните цен­три и кое е должно да им ги одземе лиценците ако не работат ка­ко што треба, тврдат дека редовно ги контролираат сите овластени места каде што се полагаат испитите и ако има какви било забелешки МВР ќе ги разгледа и ќе постапи според законот. 

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.