Кој сè може да ги чита вашите пораки на Фејсбук?

 

Всушност, тој забележал дека било кој од вработените можел да се најави на неговиот профил без користење на лозинка.

После шокот кој го доживеал, овој корисник всушност дознал дека вработените во Фејсбук имаат комлетен пристап до сите профили на оваа социјална мрежа.

По тој повод интернет страницата The Verge побара од Фејсбук да одговори на прашањето за тоа кој се има пристап до профилите на корисниците, како и тоа дали и тие ги читаат приватните пораки.

Во одговорот на компанијата стои дека е точно дека вработените можат да пристапат до профилите на сите корисници како би правеле редовно одржување и решавање на потенцијалните проблеми. Меѓуота, во Фејсбук тврдат дека активностите на вработените константно се надгледуваат и доколку пристапот до нечиј профил се чини дека е сомнителен таа личност автоматски би добила отказ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.