Кој ќе му каже на Груевски дека е мртов!

пишува Бранко Тричковски

Перцепцијата на моќта на Груевски отсекогаш била над нивото на неговите реални перформанси. И на режимот, исто така!

Нашиот пораз е страшен по своите реални димензии, но уште пострашен е во своите релативни измерувања кои велат дека ни го начукале злосторници кои сме можеле да ги спречиме со две-три пожестоки шлаканици, со малку поведар дух, со поголема смисла за хумор и особено со поголема безгрижност за фамозните работни места со смешни плати.

Само едно крајно упростување: за десет години режимот нема повеќе од дваесетина директни жртви на душа што значи дека сме имале работа со најнискоубиствен режим во поновата политичка историја на светот!
Уствари, режимот беше и е страшен според последиците и смешен според страшноста!

Таа инерција не носи и сега во разгледувањето на неговите шанси да се спаси и во анализите за тоа што и како ќе прави специјалната обвинителка!
Тој бил многу моќен, можел да предизвика војна кога сака, се’ држел под контрола, Катица била од неговите, ќе ја стегнел, ќе ја исплашел, ќе ја поткупел, ќе ја…и така натаму, ќе бил поддржан од влијателни меѓународни фактори…
Мислам- не!

Тој е како сероизно, да не речам смртно болен човек на кого никој се уште не сака директно да му каже дека има уште сосема малку да проживее! Од политичкиот живот. А и од другиот живот ако не пие апчиња против срцеви и мозочни удари и сл! Па, го лажат, имал висок крвен притисок, цицките му растеле од ова, од она, дека Путин не му кренал слушалка затоа што постојано во скутот со левата рака ја држел новата љубовница, а во десната кутијата за активирање на нуклеарниот арсенал против Америка и Европа…

Всушност, готов е, тој е човек кој е интересен само уште во врска со техничките детали на политичката еутаназија!
Тоа е!

Leave a Reply

Your email address will not be published.