Кој ќе го спаси “Титаник”?

Нешто се случува со нас, со нашиот ум, со колективот, со хуманоста. Во време кога информациите се достапни како никогаш до сега успеавме да ја потиснеме хуманоста до таа мера што ни треба итно будење. Колку подостапни се информациите – толку покритички истите ги селектираме, создавајќи косензуално размислување кое се повеќе се шири и го уништува она индивидуалното кое секогаш е себично и се стреми кон подобро за самиот себе а со тоа и за колективот.

Што повеќе луѓе го прифаќаат овој начин на размислување, моќта на колективната свест станува се послаба, скоро и ја нема. Истовремено, новиот и стариот начин на размислување се се подалечни. Стравот од промени, стравот од слободно одлучување на колективот е она што го одвраќа истиот од чекорење напред и повторно оживување на оној инстинкт на самостојно размислување, оти тоа е систем кој одамна се распаднал.

Потребна ни е детоксикација, период на рехабилитација, да се ослободиме од супстанците кои го ограничуваат нашиот потенцијал, а и оној на колективот.

Замислете дека колективот е како брод на сред океан и го зафатила бура. Брод кој полека се полни со вода, потонува. А капетанот не убедува дека нема опасност. Водата се повеќе навлегува. Знаеме дека има чамци за спасување, ама капетанот јасно нагласил дека не треба да се користат затоа што нема опасност!

Мнозинството му верува, капетанот е секогаш во право тој знае најдобро, всушност не би го ставил и својот живот на ризик ако има опасност. Оние малкумина кои се упатуваат кон чамците за спасување се сигурно луди. Кога капетанот открива дека овие ‘лудите’ нашле начин да се спасат, го обединува послушното мнозинство да ги спречи во нивната намера, да го попречи патот до чамците за спасување, и тие го прават тоа – на штета за сите во бродот. 

Но има неколкумина на тој брод, кои сеуште не завзеле страна затоа што имаат премногу работи да ризикуваат. Тие се надеваат дека нема да дојде тој момент кога ќе треба да одлучат. Само тогаш кога нивниот живот би бил пред згаснување, само тогаш тие ќе се одлучат за капетанот или за чамците за спасување. Ова се луѓето за кои се борат и двете страни, затоа што тие ќе ја решат битката. 

Чамци за спасување има за сите. Оние ‘лудите’ кои тргнале кон нив знаат дека ако немаат доволно луѓе за веслање, нема да успеат да се спасат, нема да преживеат, нема да стигнат до копното. Капетановата армија послушници се покоруваат бидејќи во него гледаат сигурност, чамците се преголем ризик не го знаат исходот, не знаат дали воопшто ќе стигнат до копно. Но моќта за промени ја имаат неодлучните, посматрачите. Кога тие би се одлучиле да тргнат кон чамците за спасување, мнозинството би станало малцинство кое полека ќе започне да го менува мислењето (сите ние во ова време на пренатрупаност со информации сме склони на колективно одлучување, консензуално размислување; едноставно претешко е да селектираш сам кога системот на саморасудување одамна се распадна). И кога малцинството ќе стане мнозинство, нема да биде така голема катастрофа затоа што тоа мнозинство ќе биде на сигурно во чамците за спасување трагајќи по копно каде повторно ќе може да го обнови општеството и вредностите кои до неодамна биле само идеа на ‘лудите’ а кои некако неверојатно им ги спаси животите. 

Само кога оние неодлучните би одлучиле да делуваат а не да посматраат …

Само една точка во времето не дели сите нас од одлука дали ќе бидеме дел од чамецот за спасување и заедно ќе запловиме кон сигурна иднина, или ќе бидеме дел од посматрачите или послушниците кои ќе потонат со бродот некаде на сред океан.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.