Кој ќе биде наследник на вашиот фејсбук профил?

 

Фејсбук им дозволи на корисниците да изберат личност која ќе го “наследи” нивниот профил и ќе управува како страница на сеќавање, а втората опција е да го избришат профилот.

Актуелната политика на Фејсбук им овозможува на пријателите и членовие на семејството на умретиот кориснил да побараат бришење на профилот или претворање на истиот на профил на сеќавање, но логирањето на тој профил е оневозможено. Меѓутоа, новиот систем ќе овозможи личноста на која и е оставен профилот да пристапи кон фотографиите и јавните постови, но приватните пораки и понатаму ќе бидат заштитени.

Ако корисникот на Фејсбук пред смртта не именувал “наследник”, но во тестамент изразил желба тоа некој да го направи, Фејсбук тоа ќе го почитува.

Новата можност први ќе можат да ја користат американците, а во наредниот период ќе биде достапна и на останатите корисници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.