(ВИДЕО) Кој е виновен за “недоразбирањата” во “Дрекслмаер”?

Конечно, откако полека се смирија страстите и на менаџментот а и на вработените, со официјално соопштение до јавноста се огласија и од “Дрекслмаер”. А во соопштението стои следното:

„Спротивно на тврдењата Дрекслмајер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа и нето плата. Комапнијата се придржува на превземените обврски кон вработените. Основната месечна плата која што Дрекслмајер групацијата во Кавадарци ја исплаќа на своите вработени е над законската минимална плата во Македонија. Над тоа Дрекслмајер им обезбедува дополнителни исплати и услуги. Кон тоа спаѓа исплата за работа во смени, бонуси за остварени цели, исплата за прекувремена работа. При тоа на вработените им обезбедува и медицинска нега во самата фабрика како и бесплатен оброк. Транспортот за вработените веќе подолг период се одвива без проблеми. Дневно околу 30 автобуси во смена ги превезуваат вработените до нивните работни места и ги враќаат пак до нивните домови. Со над 4000 вработени Дрекслмајер групацијата е најголем работодавач во Македонија кој одговорно ја превзема својата социјална и општествена улога.”

Во горенаведеното никаде не се спомнува фактот што дел од вработените во компанијата имаат земено финансиски средства за сработените дневници по повод велигденските и првомајските празници додека пак на некои од вработените сеуште не им се подмирени овие средства. За оваа проблематика не се споменува ништо во соопштението иако тоа беше главната причина за незадоволството на вработените и нивната одлучност да ја стопираат производствената линија и својот револт да го изразат на протест пред фабриката. 

Доста интересен е делот од соопштението каде се наведува дека “Транспортот за вработените веќе подолг период се одвива без проблеми…”.Доколку се земе во предвид дека токму проблемите со транспортот беа главната причина за неодамнешниот бојкот на вработените кои патуваат од Велес на работа во “Дрекслмаер, на крајот се сведува дека оние кои го припремале ова соопштение најверојатно се демантираат самите себеси. Најверојатно овој факт не го земале во предвид.

Зошто некои од вработените на време земаат одреден (одработен) паричен надомест а други го немаат тоа право? Дали станува збор за дискриминација на работникот и работничките права? Можеби пак е (не)намерна грешка на службите кои работат во делот на сметководството или човечките ресурси? Дали проблемот енекаде во софтверот со кој се водат вработените и нивните работни часови? Дали во фабриката има вработени кои по цел ден зјаат по мониторите, недоволно обучени кадри кои постојано прават грешка до грешка? Можеби менаџментот треба да го бара решението на проблемот токму во менаџментот, а не да ја префрла топката на “самарот”?

Како и да е, “Мојот Град” ексклузивно преку видео запис ви ја доловува атмосферата за време на штрајкот кој беше организиран пред два дена. Ова е едно од ретките видео записи кои беа направени за време на протестот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.