Коце Трајановски во нов мерцедес Е – класа

Додека тој седел во рибен ресторан, Мерцедесот бил паркиран на пристаништето и мамел погледи на охриѓани и на туристите, тврди нашиот извор, кој бил очевидец.

Од Град Скопје, пак, не одговорија на нашите телефонски повици и мејлови за дополнителни информации во однос на новото возило кое го користи градоначалникот Трајановски. Останува нејасно дали станува збор за лично сопственост или за сопственост на градот.

Градоначалникот неодамна објави дека ќе купува Мерцедес за службени потреби, но по критиките се повлече и рече дека се откажува од купувањето. Либертас провери во неговиот анкетен лист и во него нема промена. Трајановски е сопственик единствено на автомобил Сузуки Свифт.

Како опции остануваат Мерцедесот сепак да е купен од градската каса, или пак, како што ни објаснуваат од авто салоните, постои можност да го добил за промотивно возење со обврска да го врати. Вакво нешто се случило и во кампањата за локалните избори кога прв пат беше избран за градоначалник на Скопје, кога увозникот на Мерцедес на Трајановски му дал промотивно да се вози а потоа го вратил возилото.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.