Книга: Неморална понуда – Керстин Гиер

Фриц – вдовец, голем тиранин и скржавец има една вознемирувачка ситуација која го мачи. Неговите двајца синови веќе ја преминаа триесеттата и немаат постигнато ништо во животот, но исто така стариот Фриц е и најголем кошмар на неговите снаи.

После една опклада со неговите пријатели, тој ја поставува својата понуда на маса за неговите синови и нивните сопруги и тоа една луда, откачена неморална понуда: неговите синови да ги заменат своите сопруги на одредено време и награда која следува за тоа е голема парична добивка. Оливија се преселува кај Оливер во неговиот отмен градски апартман, а Евелин заминува да живее со Степхан во неговата куќа и расадник…

Таа примамлива понуда им звучи сосема невина и безпопасна, па добро, што е некое време да живеат разделено, после завршувањето, врската која ја имаат сопружниците ќе биде уште посилна, а нема да бидат ни на одмет парите со кои ќе можат да остварат дел од своите соништа и надежи. Но она што не го знаат е дека судбината има сосема други планови за нив и дека понекогаш од една сосемна безопасна одлука животот може да ти се промени од корен.

Разоткриено неверство, нова љубов на повидок, еден сосема неочекуван подарок, пријателство кое станува посилно, духовити, откачени дијалози кои ќе предизвикаат да се смеете на глас. Заземете го вашето омилено катче за читање и препуштете му се на овој откачен, смешен и пријатен свет кој ви го подарува Керстин Гиер, нема да зажалите!

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.