Книга: “Ќерката на Сиена” – Марина Фиорато

Но почнуваат заговорите и интригите од неколку лидери кои се против неа со цел да го вратат владеењето на Советот на Деветмината.

“Ќерката на Сиена” е една од оние книги која длабоко навлегува во сериозната историска фикција и историсјата романса, и е одличен избор за викенд забава. Како автор се потпишува Марина Фиорато, позната по својот претходен бестселер “Дувачот на стакло од Мурано”.

Во книгава се запишани интригите и опасностите на 18-тиот век во Италија, млада жена се вовлекува во романса со јавач на коњ кој учествува во Палио, многу опасна трка на коњи која се одржува во Сиена. Во трката учествуваат претставници од сите краеви на градот секој од нив претставен со по еден симбол на животно. Но натпреварот ги претвора гледачите во племиња а јавалите во зверови – а убавата Пиа Толомеи е вљубена во јавач од спротивниот табор, странец.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.